Славниот водител Џими Кимел, по повод резултатите на неодамна објавената студија на Истражувачкиот центар на Пју во која се вели дека еден од четворица Американци немаат прочитано ниту една книга во последната година, спроведе анкета што ја разбранува јавноста.
Водителот сметал дека овој број е многу поголем, па затоа со екипа излегол на улица и ги прашал луѓето дали можат да именуваат барем една книга.
Уште на почетокот на анкетата се покажало дека ова прашање е проблематично, па голем број испитаници биле затекнати, немале одговор, вклучувајќи и еден поранешен библиотекар.
„Дали можеме да ги земеме предвид списанијата“, прашала една жена, а додека еден постар господин го споменал анимираниот филм „Кралот лав“ како книга.
Еден од испитаниците бил убеден дека ја прочитал книгата со наслов „Коњ“, што ја пишувал Моби Дик.
Но, сами откријте ги одговорите на направената анкета.