Книгата што инспирирала серија пукања во училиштата во САД сега достигнува цена и од 1.000 долари по примерок.
Стивен Кинг е еден од најфасцинантните автори на денешницата, чиишто дела имаат инспирирано создавање на многубројни филмски и телевизиски адаптации. Но, помалку е познато дека едно од неговите дела било инспирација за акција од поинаков вид.
Кинг во 1977 година, под псевдонимот Ричард Бакман, ја објавил приказната „Rage“ („Гнев“), што зборува за проблематичниот ученик кој учествувал во опасна вооружена пресметка во училиште. Единаесет години подоцна, еден примерок од оваа книга е пронајден во личните работи на извесен Џефри Кокс. Кокс бил средношколец, кој вооружен како заложници држел ученици од цело одделение во училиште. Се смета дека бил инспириран од книгата на Кинг „Rage“ („Гнев“).
Но, изгледа дека не бил само Кокс инспириран од оваа книга. Следните десетина години, серијата од вооружени препукувања во училиштата се поврзувани со влијанието на оваа приказна. На крајот Кинг бил принуден да реагира. Го замолил издавачот да престане да ја печати и да ја дистрибуира оваа книга. И се разбира, издавачот се согласил со него.
Денес е мошне тешко да се дојде до примерок на оваа книга. А оние што постојат во продажба воопшто не се евтини. Цената на еден половен примерок се движи меѓу стотина и илјада долари.
Извор: https://bookstr.com/stephen-king-pulled-his-own-book-shelves-now-copy-costs-500