Промовирана книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

Со козметичка работилница и дружба со читателите, блогерката Вики Андонова вчера (22 мај) во Центарот за дизајн и иновации во „Јавна соба“ (Public Room) ја промовира својата книга „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Природно убави со Биодевојка“ содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можат да се подготват во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.

Aвторката почнала да ја применува органската козметика пред 12 години, кога се преселила во Рим, каде што живее и сега. Во моментов ги привршува студиите по природна и органска козметика во едно приватно училиште, а специјално за промоцијата деновиве гостува во Скопје.

– Откако пред три години го отворив својот блог „Биодевојка“ и активно почнав да пишувам за органската козметика со природни рецепти за нега на кожата и косата, дојдов до идеја сето тоа да го преточам во една книга. Оваа книга е еден мал водич не само за оние што првпат се запознаваат со органската козметика и со природниот начин на нега туку и за оние што ваквиот начин на нега веќе го прифатиле како животен стил. „Природно убави со Биодевојка“ не се чита само еднаш. На неа постојано можете да се навраќате, секогаш кога ви се потребни совети за негата. Ги имам испробано сите 175 рецепти од оваа книга, најнапред за да го видам ефектот од рецептот врз кожата, а потоа и за да знам дали е потребно тој да биде подобрен или доусовршен. Освен рецептите, што се наменети за различен тип кожа или коса, книгата содржи и теоретски дел, најпрвин за разликите помеѓу комерцијалната, природната и органската козметика. Имам јасно означено кои состојки е пожелно да се избегнуваат во еден козметички производ и зошто. Можам да кажам дека оваа книга претставува мал комплетен водич како за почетници, така и за оние што веќе се негуваат во согласност со мојата филозофија. Јазикот на кој е напишан овој т.н. „козметички готвач“ е лесно разбирлив за сите читатели – вели Вики Андонова.

Правењето на природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата. Во книгата Андонова има поставено своевидна пирамида во која се истакнати пет основни чекори што се од особена важност за здрава и убава кожа.

– Како прв чекор и најважно нешто за здравјето и за убавината на кожата е правилното чистење, каде што спаѓаат отстранување шминка и миење на кожата со правилен и соодветен производ. Втор чекор е негата на кожата со дневен или ноќен производ за таа намена. Како трет чекор ја одвојувам дополнителната нега, односно маски за нега на лицето на кожата. Во книгата имам дадено многу рецепти за маски за секој тип кожа, начин на употреба и дејство врз кожата. Четвртиот чекор ја опфаќа ексфолијацијата, што може да биде хемиска или механичка како начин на отстранување на мртвите клетки од горниот слој на кожата. Како за на крај доаѓа заштитата од сонцето. Ова го оставив како петти чекор, не зашто го сметам за помалку важен од другите, туку затоа што производите што содржат заштитни филтри треба да се користат само кога имаме потреба од тоа – изјави авторката.

Андонова на промоцијата во „Јавна соба“ одржа интерактивна козметичка работилница на која ги вклучи присутните гости. Со нејзина помош тие можеа да направат органски производи по рецептите објавени во книгата. За првите 50 купени книги на промоцијата во „Јавна соба“ следуваа и подароци од органски марки: „Д-р Хаушка“, „Логона“, „Институт Органика“, „Ома Гертруде“, „Натура Сиберика“, „Алверде“ (DM), „Натурал козметикс“ (козметика од Кожув), „Натура Италијана“ (ладно цедено маслиново масло), „Гемард“, „Шарини органик парфумс“ и „Фитс органик мејкап“.

Advertisements

2 thoughts on “Промовирана книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

    • Здраво Марија,
      Книгата можете да ја најдете во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ и на продажното место на „Арс Ламина“ во ТЦ „Рамстор“ на I кат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.