Најпродавани книги на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2018

На годинашното 30. јубилејно издание на Саемот на книгата на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ имаше голем број посетители, се одржаа пет успешни промоции, десетина настани и работилници за деца, гостуваа неколку домашни и странски автори и се продадоа голем број книги.

На прво место на листата со најпродавани книги од белетристиката се двата романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“ од домашната авторка Јана Мишо, како и нејзиниот нов прирачник „Како се оди во Париз“, кој, во париски амбиент, беше промовиран во рамките на Саемот на книгата на штандот на „Литература.мк“. Писателката изјави дека прирачникот е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да запишуваат, да водат дневници, споменари, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, сите љубители книги, на уметност и сите што сакаат уште ова да го стават во куфер. Низ сите страници се провлекуваат цитати со локации, луѓе и доживувања од романите на Jана Мишо „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“. Со секој купен роман од Мишо во текот на целиот месец мај, читателите добиваат шанса да освојат два авиобилета за Париз.

Следна на листата на најпродавани книги е „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски, уште едно ново издание на „Арс Либрис“ – импринт на „Арс Ламина – публикации“, чијашто промоција се одржа на 4 мај на штандот на „Литература.мк“ во носталгичен амбиент. Промотор на настанот беше Мојсо Мојсовски, новинар и долгогодишен уредник на Дневникот во Македонското радио, кој се присети на старото Скопје и на некогашниот дух и мирис на градот. Книгата е богата со носталгични и емотивни сеќавања за едно одамна минато време и за едно невино детство изгубено во маалскиот амбиент.

На третото место се најде новата збирка хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К. Изданието беше првпат претставено на Саемот на книгата со мал перформанс – партија шах, во која меѓу два потега со фигурите авторите читаа по една хаику-песна. Промоцијата заврши со реми, како што е и насловот на книгата што може да се чита и однапред и одназад.

Веднаш по неа е романот „Светот на рамена“, потресна и возбудлива љубовна приказна од Џенифер Нивен за пронаоѓањето токму на онаа личност што ве гледа и ве сака такви какви што сте.

На петтото место на најпродавани книги од областа на белетристиката во издание на „Арс Ламина – публикации“ се наоѓа новиот роман за млади „П.С. Ми се допаѓаш“ од авторката Кејси Вест, која внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.

Од литературата за деца на прво место на листата со најпродавани книги се најде македонското издание на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, чијашто официјална промоција се одржа на 6 мај во МКЦ во рамките на фестивалот „Прво па женско“, а премиерно се најде и на саемската постановка на „Литература.мк“.

Веднаш по неа, на второ место е новата сликовница „Ѕвездено дете“ од авторот и илустратор Ване Костуранов, кој беше еден од гостите на штандот на „Литература.мк“ и потпишуваше примероци од сликовницата.

На третото место на листата на најпродавани книги е новиот роман за деца „Канџа во мракот“ – прв од новиот серијал за најмладите ТКЦП („Тајниот клуб Црно прасе“) од писателката за деца Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров, кои по првпат го претставија романот во рамките на Саемот на книгата 2018 на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“. Станува збор за книжевен хибрид помеѓу роман и графички роман, што е интерактивен затоа што „бара“ и учество на детето со боење, доцртување, дополнување и допишување.

По „Канџа во мракот“, на четвртото место е новиот серијал за деца на македонски јазик „Загадочни приказни“ од најпродаваниот автор за деца во Србија, Урош Петровиќ, кој беше специјален гостин на „Арс Ламина“ и го промовираше серијалот со интересен квиз-перформанс. Серијалот „Загадочни приказни“ е за деца кои сакаат предизвици и загатки, а авторот е задолжен за тестирањата на „Менса“ во Србија и е еден од најуспешните решавачи на Ај-Кју X-тестот во светот.

На петтото место на најпродавани книги од литературата за деца се најде новиот серијал за деца „Исидора Мун“, што се состои од четири супер црно-розови приказни за Исидора Мун со самовили, вампири, дечиња и розови зајачиња.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Меѓу другото, издавачката куќа „Арс Ламина“ оваа година доби седум признанија на доделувањето на наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која по втор пат ги прогласи најдобрите меѓу двата саема на книга.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.