Во книжарницата „Литература.мк“ промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо


Во присуство на македонските блогерки, модни новинарки и љубители на пишаниот збор, во книжарницата „Литература.мк“, вчера (21 мај) се одржа промоција на прирачникот „Како се оди во Париз“ од домашната авторка Јана Мишо, позната по своите два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“. Улицата „Македонија“ доби париски амбиент, со кроасани, макарунс-колачи, кафе, современи шансони и мода – по кои е препознатлива француската метропола, а која е главната тема во романите на Мишо. Имено, низ сите страници се провлекуваат сегменти од локации, луѓе и доживувања од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“. Ако прирачникот го следат читатели на двете книги, ќе можат да се најдат токму на местото за кое читале.

„Како се оди во Париз“ е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да водат дневници, споменари, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, за сите љубители на книги и на уметноста. Инспирација за прирачникот и дневник за патување е блог-постот на Мишо, со истиот наслов – „Како се оди во Париз“.
– Мојата прва средба со Париз беше во 1993 година. Тогаш имав седум години, па некои сеќавања се избледени. Но, за среќа, имав можност да му се враќам повеќепати, да го откријам и да се вљубам во него. Ми недостига ако не отидам макар еднаш годишно. Знаејќи како ми беше, во моите дваесетти години, кога почнав повторно да го откривам овој град, можам да ве посоветувам да прочитате некоја книга за Париз пред да отпатувате. Тоа навистина го олеснува престојот. Просторот за водење дневник на патувањето е поделен во поглавја, како лична книга на секој што ќе запишува. Прирачникот содржи и мапа на спомени, каде што можат да се означуваат посебни моменти со бројки. Има и простори за списоци за пакување, купување, лепење фотографии и билети и плус цитати од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, за да го заокружат доживувањето. Сите совети во прирачникот се практични и важни – вели Јана Мишо.

Со секој купен роман од Мишо во текот на целиот месец мај, читателите ќе добијат шанса да освојат два авиобилета за Париз. При купување на некој од романите „Скоро парижанка“ или „Анаис од Монмартр“ се добива ваучер на кој треба да се одговори многу едноставно прашање. Задолжително треба да се зачува фискалната сметка, а ваучерот да се стави во специјално означената кутија во книжарницата „Литература.мк“ и во продажното место на „Арс Ламина“ во ТЦ „Рамстор“ – Скопје. Извлекувањето ќе се одржи на втори јуни (сабота) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Среќниот добитник ќе биде објавен на страницата на „Фејсбук“ на „Литература.мк“.
Промоцијата на прирачникот „Како се оди во Париз“ во книжарницата „Литература.мк“ следуваше по успешната презентација во рамките на неодамна одржаното 30. издание на Саемот на книгата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.