Магазинот „Бизнис инсајдер“ го објави списокот на 11 книги што ги препорачува Елон Маск
Елон Mаск, познатиот иноватор, претприемач и сопственик на „Тесла“, вели дека читањето книги многу му помогнало да постигне успех и ги препорачува следниве 11 наслови:
- Додека растел во Јужноафриканската Република „бубалицата“ Елон Маск имал прекар Мускрат. Бил осамен, многу читал научна фантастика и неговата прва книга препорака е „Господар на прстените“ на Џ. Р. Р. Толкин.
- „Автостоперски водич низ галаксијата“ на Даглас Адамс, Маск ја прочитал како тинејџер и таа книга извршила пресудно влијание на неговиот начин на размислување. Кога во февруари го лансираше „тесла роудстер“, во прв план му беа зборовите „Без паника“ (Don’t panic!). За оние што го прочитале романот знаат дека тоа е мотото на овој роман.
- „Бенџамин Френклин: Еден американски живот“ на Волтер Ајзаксон исто така се наоѓа на неговата листа. Маск секогаш истакнува дека Френклин е еден од неговите херои.
- Книга што му помогнала да научи нешто за ракетната наутика е„Structures: Or Why Things Don’t Fall Down“ од Џ. Е. Гордон. Маск во Спејс Екс не бил само извршен директор туку и главен дизајнер, но и главен инженер, не затоа што морал, туку затоа што никој добар не сакал да се вклучи во тоа.
- „Ignition: An Informal History of Liquid Rocket Propellants“ на Џон Д. Кларк имала клучно влијание на Елон во поглед на влевањето на информации и знаење за ракетите.
- „Superintelligence: Paths, Dangers, Strategies“ на Ник Бостом – Маск е уверен дека треба да бидеме многу внимателни кога станува збор за вештачката интелигенција која може да биде поопасна и од нуклеарна бомба.
- „Our Final Invention“ на Џејмс Барт е уште едно дело за вештачката интелигенција што оставило силен впечаток на Маск.
- „Merchants of Doubt“ на Наоми Орескес и Ерик М. Конвеј – Историчарите кои ја напишале оваа книга тврдат дека истите сили кои негираат дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, сега ги негираат и опасностите од климатските промени. По оваа книга е снимен и документарец.
- „Foundation“ трилогија на Исак Асимов е дел од неговите интереси за фантазијата и научната фантастика.
- „The Moon Is a Harsh Mistress“ на Роберт Хајнлајн – За оваа книга Маск смета дека е најдоброто дело на авторот. Книгата зборува за протерувањето на неколку луѓе од Земјата на Месечината, кои потоа таму создаваат слободарско друштво.
- „Life 3.0: Being Human in the Age of Artificial Intelligence“ на Макс Тегмарк исто така се занимава со вештачката интелигенција, но со нејзиното користење во добротворни цели.