Издавачката куќа „Харпер Колинс“ ги откупи правата за книгата „Ана Франк: Дневник за еден нерешен случај“ („Anne Frank: A Cold Case Diary“), што се занимава со „свежите докази“ за тоа како е откриено скривалиштето на семејството Франк.
Книгата истражува кој и што доведува до апсење на семејството Франк, а ќе биде објавена на англиски и на уште 13 јазици, летото 2020 година.
Во пишувањето на книгата се користени нови технологии и техники на истражување. Винсет Панкок, пензиониран агент на ФБИ, го надгледувал меѓународниот тим составен од полиција и детективи на ФБИ, криминолози, форензичари, психолози, аналитичари, програмери за вештачка интелигенција и угледни историчари. Дел од книгата е финансирана преку јавни донации, кои го подигнаа сајтот „Cold Case Diary“.
Панкок и неговиот тим открија документи на нацистите за кои претходно се сметаше дека се изгубени, како и непознати врски на семејството Франк, „нешта што фрлаат сосема нова светлина на целиот случај“, изјавуваат од издавачката куќа „Харпер Колинс“.
Истрагата ја поддржаа организации од целиот свет како фондацијата „Ана Франк“, Холандскиот институт за војни, холокауст и геноцид, Меморијалниот музеј на холокаустот во САД…