Промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

На 22 мај (вторник) во 18 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) ќе се одржи промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова.
„Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.
Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата.
На промоцијата ќе има многубројни изненадувања. Авторката ќе одржи козметичка работилница, на којашто ќе направи органски производи по рецептите објавени во книгата. За првите 50 купени книги на промоцијата следува и подарок (по случаен избор) од следните органски марки: „Д-р Хаушка“, „Логона“, „Институт Органика“, „Ома Гертруде“, „Натура Сиберика“, „Алверде“ (DM), „Натурал козметикс“ (козметика од Кожув), „Натура Италијана“ (ладно цедено маслиново масло), „Гемард“, „Шарини органик парфумс“ и „Фитс органик мејкап“.
На крајот од промоцијата Андонова ќе потпише примероци од „Природно убави со Биодевојка“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.