Дружба со блогерите на промоцијата на „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо во книжарницата „Литература.мк“

На 21 мај (понеделник) во 12 часот во книжарницата „Литература.мк“ ќе се одржи промоција на прирачникот „Како се оди во Париз“ од домашната авторка Јана Мишо, позната по нејзините два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“.
По успешната презентација во рамките на 30. издание на Саемот на книгата, водичот в понеделник ќе биде промовиран и во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во присуство на македонските модни блогерки и во париски амбиент.
Инспирација за прирачникот и дневник за патување е блог-постот на Мишо, со истиот наслов – „Како се оди во Париз“. Тој е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да запишуваат, да водат дневници, споменари, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, сите љубители книги, на уметност и сите што сакаат уште ова да го стават во куфер.

– Просторот за водење дневник на патувањето е поделен во поглавја, зашто го замисливме како лична книга на секој што ќе запишува. Особено се радувам на мапата на спомени, каде што можат да се означуваат посебни моменти со бројки, па вообичаените простори за списоци за пакување, купување, лепење фотографии и билети и плус цитати од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, за да го заокружат доживувањето. Сите совети во Прирачникот се практични и важни, а мене омилен ми е „читај книга со Париз“. Открив дека кога ќе прочиташ книга за француската метропола пред да заминеш таму, тоа неверојатно го подобрува искуството. Одушевувачки е кога ќе застанеш на местото за кое претходно пишувал некој. Тоа, и би ги советувала да не купуваат ајфони од Пигал! – вели Јана Мишо.


Низ сите страници се провлекуваат цитати со локации, луѓе и доживувања од романите „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“. Ако прирачникот го имаат читатели на двете книги, ќе можат да се најдат баш на местото за кое прочитале.
Со секој купен роман од Мишо во текот на целиот месец мај, читателите ќе добијат шанса да освојат два авиобилета за Париз. Откако ќе купите некој од романите „Скоро парижанка“ или „Анаис од Монмартр“ добивате ваучер на кој ќе одговорите многу едноставно прашање. Задолжително зачувајте ја фискалната сметка, а ваучерот ставете го во специјално означената кутија во книжарницата „Литература.мк“ и во продажното место на „Арс Ламина“ во ТЦ „Рамстор“ – Скопје. Извлекувањето ќе се одржи на втори јуни (сабота) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Среќниот добитник ќе го објавиме на нашата страница на „Фејсбук“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.