„Бајки од Македонија за цела година“ – нов проект на „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“

„Бајки од Македонија за цела година“ е новиот проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Секоја недела по една бајка или 52 бајки од народното творештво, во приспособена јазична форма и со модерни илустрации е проектот што треба да ги приближи новите генерации кон културното наследство од овој простор.
Бајките се избор од собраните народни приказни од Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и Танас Вражиновски.
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ обезбеди парична награда од 100.000 денари за креативниот концепт и илустрациите на младата победничка на конкурсот од минатата година – Катерина Николовска.

Ангелка Пеева Лауренчиќ од „Браво Сине!“ и дизајнерката Катерина Николовска

По одличниот успех на едицијата од четирите веќе издадени „Бајки од Македонија“, што беа одлично прифатени и веќе станаа препознатлив бренд на пазарот на литература за најмладите, продолжува светот на фантазијата и волшепството. Најмладите читатели, а и сите љубители на возбудливи приказни ќе имаат можност да уживаат во новата едиција.
– Да го одбележиме ова време со свој генерациски придонес, а во чест на големиот креативец – Иво Лауренчиќ, е нашата основна цел. Да ја поттикнуваме креативноста, да ја препознаваме и да ѝ дадеме облик на трајната вредност е нашата визија. Поврзувајќи го традиционалното богатство во нова естетика и соодветна форма, од заборавените приказни и бајки веќе направивме препознатлив производ – „Бајки од Македонија“. Убаво е да се види како најмладите веќе ги знаат своите омилени ликови токму од нашето поднебје. Досегашниот успех нѐ поттикнува да продолжиме понатаму со проектите од јавен интерес. Нѐ радува тоа што бајките од Македонија го обезбедуваат токму тоа на еден совршен начин – истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.

Во новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“, покрај четирите веќе промовирани бајки од Македонија, ќе се најдат уште 48 нови приказни, меѓу кои: „Силјан штркот“, „Цане и ламјата“, „Змејот од Пелистер“, „Принцезата војник“, „Принцезата Ѕвезда и лошата царица“, „Тројцата царски синови и трите јаболкници“ итн.
Изборот и адаптацијата на бајките е на Билјана С. Црвенковска, уредник во „Арс Ламина“.
– Народното творештво изобилува со навистина прекрасни приказни и не е едноставно да се направи избор, бидејќи секоја носи посебна порака. Се обидовме да направиме најдобар избор за сите оние што сакаат да „патуваат“ во други светови и димензии и да уживаат. Илустрациите, пак, го надополнуваат ова волшебно патување. Искрено се надевам дека и читателите ќе уживаат исто како што уживаме ние додека го работиме овој проект – вели Црвенковска.

Ангелка Пеева Лауренчиќ и Билјана С. Црвенковска, уредничка во „Арс Ламина“

„Бајки од Македонија за цела година“ ќе биде промовирана кон крајот на годината.
Ова е четврти заеднички проект на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Во рамките на заедничката соработка, досега се издадени едициите „Бајки од Македонија“, „Басни од Македонија“ и авторската бајка за деца „Мистериозното јајце“ на авторот Оливер Коларевски, кој го напиша текстот и целосно ги изработи илустрациите. Едицијата „Бајки од Македонија“ е преведена на неколку светски јазици, а објавено е и издание со Брајово писмо.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.