Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум награди од МАИ


Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум признанија на доделувањето на наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која вчера (8 мај) по втор пат ги прогласи најдобрите меѓу двата саема на книга
Прво место во категоријата за најдобра едиција е доделено на „Огнови“ на издавачкиот центар „Антолог“, а второ место на „Басни од Македонија“ од издавачката куќа „Арс Ламина“. За најдобро ликовно-графички уредено издание е наградена сликовницата – „Ѕвезденото дете“ од Ване Костуранов („Арс Ламина“). Прво место за најдобри книги за деца и млади доби „ТКЦП: Канџа во мракот“ од Билјана Црвенковска и Здравко Гиров („Арс Ламина“), второ место: „Енциклопедија за деца“ од Ели Маказлиева („Едука Мак“) и трето место: „Глен-Супермен“ („Антолог“).
За најуспешни домашни автори се именувани: Фросина Пармаковска, Билјана Црвенковска и Петар Андоновски. Наградата за најкреативно издание ја доби боенката „Скопје 091“ објавена од издавачкиот центар „Три“ (прво место) и интерактивната сликовница „Ти и јас“ од „Арс Ламина“ (второ место).

Управниот одбор на МАИ додели и специјална награда за општествена одговорност на КСЦ „Полица“ за повеќе проекти и донации, и на издавачот „Арс Ламина“ за првиот „Водич за знаковен јазик“, проект за глуви и наглуви. Признанија за најдобри промотори на читачка култура освоија: блогот „Сакам книги“ и The Chick That Reads (Ана Томовска), додека за Кампања за подигнување на читачките навики кај децата – проектот „Читаме со Марија и Маги“ („Арс Ламина“).
Прво место за најдобро саемско претставување доби издавачки центар ТРИ, второ место – „Арс Ламина“ и трето – „Арс Студио“.
За наградите одлучуваше стручно жири во состав: проф. Владимир Мартиновски, новинарката Нина Стефанова и графичкиот дизајнер Ласко Џуровски.


– Идејата на наградите на МАИ е да им оддаде признание на најуспешните изминатата година и да ги поттикне останатите да работат во насока на креирање на нови производи, на добра понуда и на успешно саемско преставување. Оваа година има доволен број на учесници на Саемот, но недостасуваат повеќе изданија од неколку сегменти како: детска литература, оригинални креатини проекти и со општествена одговорност. Наградите се тука да ги потсетат издавачите дека треба да објавуваат нови дела кои ќе бидат пример за останатите. Со овие признанија сакаме да го поттикнеме и поддржиме квалитетот во производството на книги- изјави Бојан Саздов, претседател на МАИ.
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) е формирана на почетокот на 2016 година како независно, непрофитно и доброволно здружение кое организирано работи на стручно оспособување и усовршување на своето членство.
Целта и мисијата на МАИ се да работи во насока на развој на издавачката дејност во Македонија и тоа преку: поттикнување соработка меѓу издавачките куќи, остварување на нивните заеднички интереси, утврдување стандарди во работењето и нивен постојан развој, учество во донесување на законски регулативи во дејноста и грижа за нивно спроведување , организација на саемски и други манифестации, со цел промоција на издавачката продукција во земјата и во странство преку овие цели и подигнување на статусот на книгата и читањето во Македонија.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s