Луксембуршкиот писател Жан Бак, лауреат на Наградата за литература на Европската Унија, гостин во Астрорум

Една од најголемите ѕвезди на минатогодишниот Саем на книгата, а воедно и гостин во Астрорум, беше луксембуршкиот писател Жан Бак. Тој e еден од лауреатите на Наградата за литература на Европската Унија, чијашто новела „Аматер“, со својот современ комплексен наратив и љубовна тематика, а во превод и издание на Арс Ламина, допре и до македонската читателска публика. Краткиот роман на Жан Бак, „Аматер”, вдомува комплексен наратив.

Дејството на романот е сместено во 2007 година, кога нараторот наидува на расказ што го напишал уште како осумнаесетгодишен студент во 1971 година. Бак решава да ја препише првичната приказна, овој пат комбинирајќи ја со сеќавањето на една дамнешна љубов, Роза, млада девојка од Германија многу поискусна и сексуално посозреана од него. Резултатот е сложена дискурсна мрежа, „полилог“ во кој различните гласови не стекнуваат апсолутно, туку релативно значење, разоткривајќи ја смислата на делото превосходно во интертекстуалните празнини. Како и повеќето современи остварувања што ја избегнуваат линеарната нарација, и романот на Жан Бак е самосвесен, па неретко посегнува нанадвор, вон фабулата, кон размислите за сите можности и ризици што се исправаат пред авторот на едно книжевно дело.

This slideshow requires JavaScript.

Жан Бак (Jean Back) е роден во 1953 година во Дуделанж, индустриски град во Луксембург, блиску до француската граница. Откако завршил основно образование во Еш-Алзет, станал јавен службеник, првин во Министерството за труд, а потоа во Министерството за култура. Од 1989 година, тој е шеф на Centre National de l’Audiovisuel во Дуделанж. Во 1990 година приреди фотографска изложба, Lieux et Portraits du Bassin minier. Згора на неговата силна приврзаност кон визуелните уметности, во 2003 година Жан Бак се сврти кон книжевноста со Wollekestol, како почит кон својот роден град и челичната индустрија. Жан Бак пишува на луксембуршки и германски јазик.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s