Промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо


Во париски амбиент, со кроасани, макаронс-колачи и француска музика во саботата (5 мај) беше промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од авторката Јана Мишо, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на 30. издание на Саемот на книга во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Писателката позната по своите два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“ изјави дека прирачникот е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да запишуваат, да водат дневници, споменари, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, сите љубители книги, на уметност и сите што сакаат уште ова да го стават во куфер. Низ сите страници се провлекуваат цитати со локации, луѓе и доживувања од романите на Jана Мишо „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“.

Инспирација за прирачникот и дневник за патување е блог-постот на Мишо, со истиот наслов – „Како се оди во Париз“.
– Во објавата сакав да споделам нешта што сум ги научила по пат и работи што секогаш ги правам за да уживам до максимум. Со креативните уредници од „Арс Ламина“ се сетивме дека сето тоа одлично може да се вклопи во планер и дневник за патување. Просторот за водење дневник на патувањето е поделен во поглавја, затоа што го замисливме како лична книга на секој што ќе запишува. Особено се радувам на мапата на спомени, каде што можат да се означуваат посебни моменти со бројки, па вообичаените простори за списоци за пакување, купување, лепење фотографии и билети и плус цитати од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, за да го заокружат доживувањето. Сите совети во Прирачникот се практични и важни, а мене омилен ми е „читај книга со Париз“. Открив дека кога ќе прочиташ книга за француската метропола пред да заминеш таму, тоа неверојатно го подобрува искуството. Одушевувачки е кога ќе застанеш на местото за кое претходно пишувал некој. Тоа, и би ги советувала да не купуваат ајфони од Пигал! – изјави Јана Мишо.

Со секој купен роман од Мишо за време на саемот на книгата, но и во текот на целиот месец мај, читателите ќе добијат шанса да освојат два авиобилета за Париз. Откако ќе купите некој од романите „Скоро парижанка“ или „Анаис од Монмартр“, добивате ваучер, на кој ќе одговорите многу едноставно прашање. Задолжително зачувајте ја фискалната сметка, а ваучерот ставете го во специјално означената кутија на штандот на „Арс Ламина“. По саемот, тоа можете да го сторите во книжарницата „Литература.мк“. Извлекувањето ќе се одржи на почетокот на јуни.
Ви претставуваме дел од амбиентот за време на промоцијата во саботата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s