Новиот серијал за деца „ТКЦП“ и гостување на Урош Петровиќ на штандот на „Арс Ламина“


Денеска (7 мај) на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарницата „Литература.мк“, во рамките на Саемот на книгата 2018, ќе се одржат: работилница за деца инспирирана од серијалот книги за Исидора Мун, промоција на новиот серијал за деца „ТКЦП“ и гостување на најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ.
Во 17 часот писателката за деца Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров ќе го промовираат „ТКЦП“, вклучително и романот „Канџа во мракот“.
Станува збор за нов забавен серијал за деца, кој ќе вбројува илустрирани изданија, романи и книги со активности. Приказната се движи околу Лео и неговата дружина со херои ТКЦП. Тие се борат против своите најголеми непријатели – Смрдливците… Во првата книга од серијалот именувана како „Канџа во мракот“ се појавува таинствен „смрдливец“ во сенка. Во разрешување на мистеријата можат да се вклучат самите читатели со добојување, доцртување, допишување и дополнување на авантура додека читаат. Подгответе се за многу возбуда, акција и смеење.

Во 18.30 часот, специјалниот гостин на „Арс Ламина“ на овој саем, најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ ќе го промовира серијалот „Загадочни приказни“ на македонски јазик. Ќе бидат претставени првата и втората книга од серијалот, а наскоро се очекува и третата.
Утре, на 8 мај во 12 часот тој ќе одржи и работилница за деца во саемскиот простор. Неколку часови подоцна во Едукативниот центар ќе одржи креативен час заедно со македонската писателка за деца Билјана Црвенковска.
„Загадочни приказни“ е книга за деца кои сакаат предизвици и загатки! Тие што сакаат приказни, ќе уживаат во нив, но секоја поставува не баш лесна задача – решавање на логичка загатка врзана за случките од една необична траперска населба. Неретко ќе биде потребна помош од постарите, бидејќи оваа книга, најблаго кажано, не ги потценува децата… Авторот на „Загадочни приказни“ е задолжен за тестирањата на „Менса“ во Србија и е еден од најуспешните решавачи на Ај-Кју X-тестот во светот.

Долгоочекуваното македонско издание на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ официјално беше промовирано вчера во рамките на фестивалот „Прво па женско“

Долгоочекуваното македонско издание на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ официјално беше промовирано вчера во рамките на фестивалот „Прво па женско“, во Младинскиот културен центар. Книгата беше инспирација и за неколкудневната работилница: Почетен курс за млади бунтовници за деца водена од колективот „Ветерница“. Девојчињата и момчињата – учесници на курсот подржаа перформанс во фоајето на МКЦ, каде што беа изложени и нивните цртежи посветени на нивните хероини. Пред присутните се обрати уредничката на македонското издание на овој бестселер, Билјана Црвенковска, која рече дека „Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности“.

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од авторките Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Книгата премиерно се најде и на саемската постановка на „Литература.мк“.

Неколку часови порано на штандот, во рамките на Саемот на книгата во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“, се одржа креативна дружба со најмладите инспирирана од приказната за „Кралот Светкошорц“.

На саемот се одржа работилница инспирирана од приказната за „Кралот Светкошорц“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.