Носталгија и скопски приказни од Ново маало на промоцијата на „Динга стоп“ од Владимир Плавевски

Во носталгичен амбиент во петокот (4 мај) на штандот на „Литература.мк“ беше промовирана збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски. Промотор на настанот беше Мојсо Мојсовски, новинар и долгогодишен уредник на Дневникот во Македонското радио, кој се присети на старо Скопје и на некогашниот дух и мирис на градот.

Книгата е богата со носталгични и емотивни сеќавања за едно одамна минато време и за едно невино детство изгубено во маалскиот амбиент. За жал, или за среќа, ќе рече авторот, Ново маало сè уште постои и е речиси исто и непроменето како и пред седумдесет години – времето кога расказите содржани во оваа книга биле реалност.
Ново маало своевремено било центар на светот за новомаалците, микрокосмос од кој почнува и завршува сè. Таму се зборувал локален, маалски јазик и имал свое наречје, различно од тоа на соседните маала, поради што неретко луѓето не се разбирале меѓусебно. Маалската гордост ја чувале маалските банди, секогаш закрвени со тие отспротива. И покрај скудниот начин на живот, маалските улици ечеле од детскиот џагор и нивните необични игри.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.