Претставен првиот „Мал водич низ македонскиот знаковен јазик“ на штандот на „Арс Ламина“

Изданието „Мал водич низ македонскиот знаковен јазик“ беше претставено на 4 мај (петок) на штандот на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата, што се одржува во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. На настанот беше остварена средба со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија. Станува збор за прво воведно претставување на дел од македонскиот знаковен јазик со интересен креативен пристап, наменет за сите генерации.

„Во името на сите глуви лица и корисници на македонскиот знаковен јазик неизмерно сме благодарни на ’Арс Ламина – публикации‘ за оваа несебична поддршка и солидарност во нашите настојувања да го приближиме знаковниот јазик до секој поединец кој има интерес да го открие и да го учи нашиот јазик. Ова е само мал чекор во идната соработка со ’Арс Ламина‘ и во иднина сѐ повеќе ќе ја откриваме ризницата на македонскиот знаковен јазик. Воедно сме благодарни и за иницијативата на I Vote foundation за идејата да стане реалност и поддршката од МТСП. Оценката за квалитетот на направеното им ја оставаме на широката јавност, со огромна благодарност за покажаниот интерес“, изјави Васко Марков, претседател на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија.

Тимската работа на уредникот и на групата приредувачи, посебно истакната преку креативноста на младите Лазар Ѓиков и Христина Божиновска, овозможи на илустративен начин да им ја доближи на широката јавност дел од секојдневната комуникација на глувите лица во Македонија. Водичот отвора прозорец кон светот на знаците за буквите, броевите, боите, природата и околината, како и дел од секојдневните изрази на нашите сограѓани со оштетен слух во Македонија.
„Арс Ламина – публикации“ ќе се погрижи Водичот да стигне во рацете на учениците со оштетен слух во ЗРДОС „Кочо Рацин“ во Битола, ДУЦОР „Партенија Зографски“ во Скопје и посебната паралелка при ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и во 18 општински здруженија на глуви лица ширум Македонија.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s