„Македонија и Балканот: Либерален поглед на национализмот и идентитетите“

Книгата „Македонија и Балканот: либерален поглед на национализмот и идентитетите“ од Благој Цонев, доцент по политички науки и меѓународни односи е ново издание на „Арс Ламина“ чии промотори  беа проф. д-р Тони Дескоски и проф. д-р Нано Ружин.
„Книгата на д-р Цонев се појавува во еден многу значаен општествен момент за Р. Македонија, кога навидум се прекршува две и полдеценискиот спор за името на нашата земја со соседна Грција, спор што сериозно го обременува нашето битисување и станува сериозна пречка за напредокот на нашата земја“, изјави проф. д-р Тони Дескоски на промоцијата. „Најтопло ја препорачувам оваа книга, не само на научната јавност туку и на пошироката читателска публика.“

„Секој што ќе ја прочита книгата ќе испрати грст комплименти за умешноста, научниот пристап и квалитетно изработениот труд под менторство на најдобриот познавач на меѓународните односи кај нас, проф д-р. Денко Малески“, истакна проф. д-р Нано Ружин. Тој во своето излагање се осврна и на феноменот на иконографиите во контекст на национализмот и националниот идентитет, додавајќи дека создавањето на нови иконографии со националистичка конотација треба да престане.

Авторот Благој Цонев во своето обраќање на промоцијата на книгата на МИТ Универзитет Скопје истакна: „Се надевам дека модерната либерална идеја ќе продолжи понатаму да надвладува, особено за младите генерации. Ако генерацијата на проф. Малески се трудеше на светот да му објасни дека ние не сме племе, генерациите на проф. Дескоски и проф. Ружин сè уште се обидуваат на светот да му покажат дека ние сме овде и постоиме и дека треба некој да нè слушне, мојата генерација се обидува да покаже дека не сме сите конзервативни и затворени, дека меѓу нас има и луѓе со либерални погледи и со отворени визии. Се надевам дека идните генерации ќе го спроведат либерализмот за кој се залагам. Македонија нема да ги живее последните денови како Република Македонија, туку како феникс ќе воскресне и ќе биде една модерна и либерална нација и држава во која е пријатно да се живее“.

Книгата „Македонија и Балканот“ претставува плод на шестгодишно истражување за влијанието на национализмот, идентитетите и културата во односите помеѓу балканските држави. Книгата има цел на читателот да му овозможи нов поглед врз перцепцијата на македонскиот идентитет, отворајќи нови видувања за тоа како идентитетот на нацијата не е (нужно) поврзан со државата и со државноста, односно како тој не смее да ја измести државата како основен субјект на меѓународното право. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Благој Цонев има докторирано меѓународни односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и е доцент по политички науки и меѓународни односи на МИТ Универзитет Скопје. Неговата докторска дисертација „Националниот идентитет и односите на Република Македонија со соседните држави“ ја дава основата и на неговата книга „Македонија и Балканот: Либерален поглед на национализмот и идентитетите“. Авторот има објавено десетина научни трудови во кои се обработува тематиката за национализмот и неговото влијание на односите помеѓу балканските држави.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.