Нитаи Хершковиц, една од најголемите ѕвезди на помладата генерација џез-пијанисти, гостин во „Астрорум“

Книжарницата „Литература.мк“ покрај својата основна мисија за доближување на книжевноста до поголем број читатели, по речиси двегодишно постоење, со сигурност ги оствари и своите други цели – да стане вистинско сврталиште на целиот интелектуален потенцијал во земјава, но и пријатно место за сите добронамерници кои сакаат да зборуваат за книжевноста и уметноста. Од неа произлезе и циклусот-разговори „Астрорум“ кој со успех ги „вдомува“ најголемите домашни и меѓународни ѕвезди од областа на културата и уметноста.

Едно од серијата интервјуа, кои се веќе достапни и на Интернет, е она со израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц. Тој е еден од најистакнатите светски џез-пијанисти од помладата генерација. Познат по неговата виртуозност и длабока емоција, Хершковиц по четиригодишната плодна соработка со врвниот израелски басист Авишаи Коен, од неодамна ја почна својата самостојна солистичка кариера и тоа преку концертна промоција на своето прво авторско издание насловено „I Asked You a Question“, материјал со кој и се претстави и на македонската публика. Овој албум е еклектичен, посебен и автентичен спој на импровизациии и сопствени авторски композиции, кои продолжуваат да ја воодушевуваат публиката и критиката. Францускиот „Џез-магазин“ го нарече „откритие“, додека британскиот „UK Vibes“ го опиша како „восхитувачки промислена колекција на песни, освежувачки и поинаков во однос на многу актуелни изданија на музичкиот пазар“.

This slideshow requires JavaScript.

Низ пријатен разговор со уредникот на „Астрорум“, Бранка Костиќ-Марковиќ, освен за претстојниот дебитантски соло-настап пред македонската публика, тој проговори и за своите почетоци, патот до успехот, и за некои други лични афинитети и преокупации.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.