Одлуката да се одбележува Светскиот ден на книгата и на авторските права е донесена на конференција на УНЕСКО во Париз во 1995 година.
Во Шпанија овој ден е востановен уште во 1923 година, во чест на Мигел де Сервантес, на денот кога почнал. На денешен ден се слави и св. Ѓорѓи во Каталонија, каде што од средниот век постои традицијата мажите да им подаруваат рози на своите партнерки. Од 1925 година, на овој обичај е додаден гестот на благодарност, подарување книга, од жените кон мажите кои подаруваат рози. Половина од годишната продажба на книги во Каталонија е токму во овој период од годината и тој изнесува повеќе од 400.000 продадени и разменети книги за повеќе од четири милиони рози.
На Генералната конференција на УНЕСКО во 1995 година, одлучено е на овој ден да се одбележува Светскиот ден на книгата и авторските права, бидејќи тогаш е и каталонскиот фестивал, а исто така е годишнина од раѓањето и смртта на Вилијам Шекспир и смртта на Сервантес и раѓањето на Владимир Набаков.
23 април?
Иако често се споменува дека 23 април е датум на смртта на Шекспир и Сервантес, ова не е точен податок во целост. Сервантес починал на 23 април по грегоријански календар, но тогаш во Англија се користел јулијанскиот календар. Од друга страна, Шекспир умрел на 23 април по јулијански календар, што бил во употреба во тој период во Англија. Според овие параметри, односно разминувањата на двата календарски система, Шекспир починал десет дена по Сервантес.
Светскиот ден на книгата во Македонија
Светскиот ден на книгата во Македонија се одбележува на различни начини. Годинава во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“, по овој повод, обраќање ќе има министерот за култура Роберт Алаѓозовски, шпанскиот амбасадор Емилио Лоренсо Сера, а ќе биде прочитана и пораката на генералниот директор на УНЕСКО – Одре Азуле.
Светска престолнина на книгата за 2018 година е Атина.