Од книгите секогаш учиш нешто ново

Тие се две сосема обични девојчиња, Марија (9 год.) и Магдалена (7 год.) Марјановиќ, со необична пасија за многу нивните врсници, го негуваат читањето книги со особено задоволство. Со книжевниот избор на двете сестрички веќе се запознавме преку видеосториите што ги следите на нашиот блог, а во ова интервју ви откриваме кои се Марија и Маги.

На брегот на Преспанското Езеро, во селото Стење има основно училиште „Браќа Миладиновци“, во кое учат Марија и Магдалена. Во училницата со осум ученици, секој од различно одделение, наставата воопшто не е вообичаена. Ниту, пак, приказната за овие две девојчиња од Скопје, кои пред четири години со родителите се преселија да живеат во Стење. Таму каде што детството се случува далеку од градската џунгла, под ведро небо, се случува и една искрена љубов меѓу децата и книгата.

 Како се случи љубовта кон книгите?

Марија: Јас не се сеќавам на тоа, само знам дека ми се интересни приказните, затоа читам.

Магдалена: Прво кога не знаев да читам, многу ми беа убави сликите. Па, затоа се обидував уште пред да почнам да одам на училиште да читам. А кога научив да читам, ми беше многу интересно и затоа полека почнав да читам многу книги.

Како ги одбирате книгите што ги читате?

Марија: Јас обично ги избирам според корицата и насловот, но некои ги имам видено на реклами (како „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“, што беше во „Либи“ ) и така знам дека се добри.

Марија ужива во читањето но, го пишува и својот прв роман, додека Маги ужива во друштвените игри и новите светови на книгите.

Магдалена: Јас книгите ги избирам така што ги отворам и ја читам првата страница, па така знам дали е интересно или не.

Дали имате омилени автори или омилени книги?

Марија: Мене омилен автор ми е Џорџ Мекдоналд, а омилена книга ми е „Принцезата и гоблинот“, една негова книга.

Магдалена: Јас имам една моја омилена книга што се вика „Исидора Мун оди на училиште“. Не ми се важни авторите, туку дали книгата е интересна.

Кои се вашите омилени книжевни херои?

Марија: Мене ми се најинтересни Јип и Јанеке, затоа што се мнооогу смешни!

Магдалена: Мене омилен книжевен лик ми е Палешка, затоа што е многу добра и многу е малечка.

 Дали сте изброиле колку книги има вашата детска библиотека?

Марија: Не, но сакам да избројам.

Магдалена: Никогаш не сум ги броела нашите книги, затоа што знам дека ги има многу, стотици ако ги сметам сите во куќата.

Асоцијациите на Марија за секоја буква:

Д рво

Е лен

Т ато

С рце

Т ворештво

В иолина

О гледало

 

Зошто е добро да се чита?

Марија: Според мене, добро е да се чита затоа што секогаш учиш нешто ново.

Магдалена: Затоа што понекогаш кога сум тажна, се занесувам во нив и заборавам на тоа што ми пречело.

 Која е вашата прва прочитана книга, а која е последната?

Марија: Мама вели дека прва ми е „Зоки Поки“, а последна ми е „Дневникот на едно смотано девојче 1“ од Рејчел Рене Расел. Сега ја почнав „Дневникот на едно смотано девојче 2“. (Одговорот го дополнуваат родителите: во оваа книга главниот лик е осмо одделение и има помала сестра. Многу се грижиме дека не е за нејзина возраст, но ја доби како драг подарок и настојува дека многу ѝ се допаѓа, па ја оставаме да ја дочита, разговарајќи за содржините.)

Магдалена: Не се сеќавам која ми била првата книга (н.з. се лути малку J и се расправаат малку со Марија која била), а последната ми е, хммм, уффф… „Матеј и Луна поаѓаат на училиште“, сликовница со активности. Таа ќе почне некои книги, но не ги довршува ако не ѝ се доволно интересни, а многу сака да чита на глас и да чита стрипови…

Асоцијациите на Магдалена за секоја буква

  • К оњ

  • Н ој

  • И гла

  • Г улаб

  • А нанас

 

За што сонувате?

Марија: Јас сонувам да станам моден креатор и да бидам многу позната.

Магдалена: (се смее) Јас сонувам многу убави соништа, на пример дека ќе им подарам многу убави работи на луѓето и ќе се случи некоја магија за животот да ми биде многу убав. А, најлошиот сон ми беше кога сонував дека јас и моите родители сме отишле во зоолошка градина и ме гризнал алигатор и за малку ќе умрев.

Имате ли друго хоби?

Марија: Јас да, многу сакам да цртам, пишувам, размислувам, фантазирам, спијам…

Магдалена: Спортови. И друштвени игри.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.