По повод Јом Ашоа – Националниот комеморативен ден на холокаустот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше промовирана книгата „Ноќта“ од нобеловецот Ели Визел.
Јом Ашоа е национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на Израел што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.
Книгата мемоари „Ноќта“ на нобеловецот Ели Визел (1928-2016) најавтентично го опишува холокаустот низ очите на авторот, кој како 15-годишно момче го преживеал холокаустот во Аушвиц.

Бранка Бугариска – директор на издаваштво на „Арс Ламина – публикации“ и Горан Садикарио, директор на Меморијалниот центар на холокаустот
Промотор на изданието беше проф. д-р Тодор Чепреганов, а делото е објавено од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“).