Девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и многу кафе.
Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобра идеја – особено што секоја прилика ја користи да се подбива со хероината. Ѝ подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.
„Обожавам да читам книги чиишто ликови сакаш да ги запознаеш и во реалноста. Ликови за кои знаеш дека ако вистински постојат – животот никогаш нема да биде досаден.“
„Оригинално париско четиво!“
„Забавно, смело, искрено и со вкус.“
„Би било одлично сценарио за романтична комедија како на Вуди Ален.“
~ amazon.com
„Скоро парижанка или Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“ од Јана Мишо во книжарницата на Литература.мк.