„П.С. Ми се допаѓаш“ од Кејси Вест

Додека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој? Додека Лили се обидува да ја разоткрие мистеријата и истовремено се справува и со училиштето, пријателите, симпатиите и нејзиното откачено семејство, таа открива дека срцето понекогаш не избира во кого ќе се вљуби…

Кејси Вест внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.

„П.С. Ми се допаѓаш“ од Кејси Вест ве чека во книжарницата Литература.мк на ул. Македонија.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.