СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ТЕНОР, БЛАГОЈ НАЦОСКИ, ВО „АСТРОРУМ“ НА „ЛИТЕРАТУРА.МК“

Во петок, 13 април 2018 г., познатиот македонски тенор, Благој Нацоски, ќе одржи соло-рецитал во чест на одбележувањето на неговиот петнаесетгодишен јубилеј на меѓународната сцена.

По минатогодишниот успешен настап, кога тој заедно со маестралниот македонски пијаност Дино Имери го изведе циклусот „Зимско Патување“ од Франц Шуберт, годинава повторно подготвува несекојдневен рецитал наречен „SOLE E AMORE“ (на македонски јазик „Сонце и љубов“), каде љубителите на вокалното творештво ќе можат да слушнат дваесет соло-песни од Белини, Росини, Пучини, Тости, Рејналдо Хан и Бенџамин Бритн. Во нив доминираат токму љубовта и сонцето, а Нацоски придружуван од пијанистката Јанинка Невчева ќе се обиде да влее оптимизам и радост кај присутната публика.

Благој Нацоски е роден во Скопје, во семејство на музичари. По завршувањето на средното музичко образование во Скопје, Нацоски заминува во Рим, каде што својот глас го школува со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје. Во 2003 година дипломира на Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне, Италија. Својата вокална техника ја усовршува и со Ана Ванди во Рим, потоа со специјалистот за  тенорскиот репертоар на Росини, Раул Хименез во Барселона и со Силвија Боса, во Фиренца. За време на школувањето во Италија, Нацоски остварува богата концертна дејност во Италија и во Македонија.

This slideshow requires JavaScript.

Белкантото на нашиот Благој Нацоски никогаш не ја остава рамнодушна ниту најпрефинетата публика, одовде до најдалечните континенти. Тој живее во Италија од 1998 година, но по неговото професионално оперско деби во 2003 година во престижната Римска опера (Teatro dell’Opera di Roma), настапува насекаде – во речиси сите оперски куќи во Италија, во Германија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Кипар, Швајцарија, но и во Канада, САД, Бразил, Уругвај, Тајланд, Јапонија… Ако Миланската скала на многумина им останува вечен сон, за Благој таа (Миланската скала) минатата година стана прекрасна реалност. Отсега, улогата на Пинг од операта „Турандот“ вечно ќе биде врежана во неговите најубави сеќавања, но и во аналите на македонската оперска историја, зашто деновиве оваа продукција излезе и на ДВД во издание на престижната куќа „ДЕКА“.

Благој Нацоски ù гостуваше на Бранка Костиќ-Марковиќ во книжарницата „Литература.мк“ непосредно пред минатогодишниот концерт на кој го изведе познатиот циклус соло-песни „Зимско патување“ од Франц Шуберт. На таа средба, на која присуствуваше и италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, беше разговарано на многу теми од животот и кариерата на Нацоски, што ќе биде интересно да се слушне во пресрет на одбележувањето на петнаесетгодишнината на сцената на еден од нашите најуспешни уметници на меѓународен план.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s