Жизел Бундшен не е само убава и згодна, таа е и писмена. Наскоро од печат ќе излезе нејзината книга „Lessons: My Path to a Meaningful Life“
„Среќна сум затоа што можам со вас да го поделам патувањето низ многубројните височини и падови“, напиша Жизел, меѓу другото, најавувајќи ја својата книга.
Книгата треба да се појави во продажба во октомври оваа година, а манекенката вели дека со читателите ќе сподели сè, па и тоа како успеала да стане една од најплатените манекенки на светот, како го запознала својот сопруг и како ги одгледува своите деца.
„Амазон“ пишува дека ова ќе биде една „храбра и искрена“ книга, што ја потпишува Жизел.
Инаку, оваа книга не е прва на Жизел. Во 2015 година ја издаде книгата што ја прикажува нејзината кариера низ фотографии. Таа книга се вивна и за само неколку денови беа продадени 1.000 парчиња, а издавачот „Ташен“ веднаш го објави следното издание.