Гитарската легенда Влатко Стефановски, гостин во „Астрорум“

Влатко Стефановски е македонски рок, поп и џез музичар, еден од основачите на легендарната група „Леб и сол“ и основач на „Влатко Стефановски Трио“. Неговата музичка кариера трае над 40 години во која има значајни домашни и меѓународни награди, почесни универзитетски титули, а од неодамна тој е првиот рокер носител највисоката државна награда за животно дело во областа на културата, „11 Октомври“.

Влатко Стефановски зад себе има 14 албуми со „Леб и сол“ и уште неколку повеќе од тоа како соло уметник, но и голем број проекти во тетарската и филмската уметност, турнеи низ Европа, САД, некогашен СССР… Настапувал со голем број светски музичари и оркестри, како Лондонскиот симфониски оркестар, симфониските оркестри на Лајпциг, Виена, Монте Карло…

„Мајчин јазик„ е 35-от албум на Влатко Стефановски, снимен во април 2017 година, а публикуван од „Кроација Рекордс“. „Мало интимно парче музика“ е епитетот што самиот автор му го дава на материјалот, снимен за само неколку денови и тоа „од прва„. Албумот се појавува три години по последниот албум „Сеир“ и носи девет инструментални верзии на македонски народни и авторски песни, но и некои други популарни теми од опусот на „Леб и сол“, „Бијело дугме“…Авторот истакнува дека за ваков албум размислувал и мечтаел 20-тина години, но го чекал моментот кога треба да го сними. Истиот има и антологиска насловна страница којашто носи голема емоционална вредност за Стефановски – фотографија од доцните 1940-ти од неговата мајка Нада во улогата на Маша во драмата „Жив леш“ на Толстој.

This slideshow requires JavaScript.

Концертната промоција на материјалот се случи овој месец, во три целосно распродадени концерти во големата сала на Македонската филхармонија, каде акустичките соло изведби на Влатко Стефановски беа збогатени со негови заеднички настапи со српската етно ѕвезда Биља Крстиќ, Вера и Оливер од македонската група „Љубојна“, македонската оперска дива Весна Гиновска-Илкова и бугарскиот гудачки квартет „Destiny“. Во единствениот ден во кој имаше пауза меѓу вториот и третиот концерт, Влатко Стефановски гостуваше ексклузивно во „Астрорум“, каде со нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ, а пред неговите верни фанови и вљубениците во неговата музика, разговараше на теми од неговата професија, но и живот.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s