Книги напишани од најбогатите луѓе на денешницата

Независно дали сте голем обожавател на книги и редовно читате или воопшто не сакате книжевност, книгите што ќе ви ги препорачаме морате да ги прочитате. По нив можеби нема да го збогатите својот речник, ама во едно сме сигурни, по нив погледот на свет сигурно ќе ви се измени.

 

„Бизнис со брзината на мислите“ – Бил Гејтс (Business @ the Speed of Thought)

Со нето-заработка од околу 75 милијарди, „Форбс“ го означи Бил Гејтс за најбогатиот човек на светот.

Во својата книга „Бизнис со брзината на мислите“, Гејтс со светот ги подели чекорите што морал да ги направи за да дојде до местото на кое се наоѓа, со посебен акцент на технологијата, што, според него, е нераскинливо поврзана со бизнисот, особено во неговиот живот.

 

Иако оваа книга е објавена во далечната 1999 година, таа и понатаму не престанува да ги предизвикува спротивставените коментари во јавноста, а многумина ја користат како прирачник за постигнување успех и заработка до каква што стигнал Гејтс.

„Како да победите спортски во бизнисот“ – Марк Кјубан („How to win at the sport of business“)

 Сопственикот на кошаркарскиот клуб „Далас Mаверик“, кој инвестираше во една од најгледаните серии во САД, „Shark Tank“, Марк Кјубан во својата книга ги сподели најголемите тајни со кои станал успешен во претприемништвото, а кои пред тоа ги споделувал со читателите на својот блог.

Тој на целиот свет му ја сервираше на чинија својата приказна и открива како дошол до успех. Од спиење на „кауч“ кај пријатели во дваесеттите години, до создавање на сопствена компанија, сè до станувањето мултимилијардер. Сето тоа изгледа едноставно во книгата.

Меѓутоа, она што ќе ја изненади јавноста најмногу е фактот дека Кјубан претходно не знаел да користи компјутер, но тоа не го спречило да ја претрка конкуренцијата, бидејќи постојано учел за софтверите што ги продавала неговата компанија и покажува дека со знаење може да се победи сè.

 

„Мисли како шампион“ – Доналд Трамп

Колекцијата есеи што ги напиша сегашниот претседател на САД и еден од најуспешните могули на светот, говори за неговиот личен и професионален успех. Покрај содржината што Трамп ја напишал целосно искрено за своите професионални искуства, книгата „Мисли како шампион“ содржи анегдоти со кои тој го преиспитува учењето од сопствените грешки, соочувањето со стравовите и уште многу повеќе од тоа.

Богатството на Трамп се проценува на околу четири милијарди американски долари, пишува „Форбс“, а дека до оваа заработка не дошол едноставно покажува и животот што го живеел. Ниту лошите оцени во средното училиште, ниту неможноста да војува во Виетнам не го демотивирале Доналд Трамп, туку само ја поттикнале неговата желба да вплови во светот на бизнисот.

Денес, Трамп многумина го нарекуваат првиот човек на светот и затоа не пропуштајте ја можноста да прочитате што имал тој да сподели со јавноста пред да се всели во Белата куќа.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.