Светски познатиот кардиохирург Салис Таџер гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонско-израелскиот кардиохирург д-р. Салис Таџер.

Доктор Таџер е син на проф. д-р Исак Таџер, еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и на Македонската академија на науките и уметностите.

Роден е во Словенија во 1953 година и до својата 17. година живее во Скопје, a потоа се сели во Љубљана каде со сите почести дипломира на отсекот за oпшта медицина. Специјализацијата по кардио и торакална хирургија ја завршува во болницата “Беилисон”(Rabin Medical Center), Медицинското училиште Саклер, Универзитет во Тел Авив, а во 1993 година под директно менторство на проф.д-р Морис Леви, кој во тоа време е водечки кардиоторакален хирург.

Последните две години од специјализацијата проф. д-р Таџер ги посветува на педијатриска кардиохирургија, но, сепак, понатаму продолжува со супспецијализација во областа на адултната хирургија, со посебен интерес за хирургијата на аортата.

Во периодот од 1993 до 1995 година работи на Медицинскиот факултет во Хановер, под менторство на легендарниот проф. Брост, каде станува единствениот странски хирург на кого му е доделена титулата „Почесен член на персоналот“.

Од 1997 до 2004 година д-р Таџер работи како истакнат хирург и заменик шеф во медицинскиот центар „Сорока“, за подоцна да се префрли на оддел за кардиохирургија во медицинскиот центар “Sheba Tel Ha Shomer” во Тел Авив.

Проф. д-р Таџер станува еден од водечките хирурзи во областа на кардио и аортната хирургија во земјата. Во овој високоразвиен академски референтен центар за домашни и странски пациенти тој работи како шеф на Одделот за аортна и комплексна реконструктивна кардиохирургија.

This slideshow requires JavaScript.

Проф. д-р Таџер е експерт во голем број оперативни процедури и го покрива комплетниот спектар на операции на отворено срце.

Проф.д-р Таџер од секогаш сонувал да се врати во својот роден град Скопје и да оформи нов најсовремен кардио-торакален оддел, што и ќе го направи доаѓајќи за шеф на кардио-торакалниот оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде ќе остане до февруари оваа година.

Од оваа година д-р Салис Таџер ја прифати позицијата шеф  на одделот за кардиохирургија во медицинскиот центар “Sheba Tel Ha Shomer” во Тел Авив.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.