Извадок: „Скоро парижанка или Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“ од Јана Мишо

Извадок: „Скоро парижанка или Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“ од Јана Мишо

Хуго ме тераше да му ја раскажувам оваа приказна неколкупати, затоа што обожаваше колку среќно завршува и колку се гордее со крајот.

– Му рече и дека го сакаш, никој не би направил така! – рече.

– Ама никој не може да одрече дека навистина го сакав во еден момент од животот. Никој не може да го поништи тоа, така? – размислував јас. – Зошто да не се остави така засекогаш? Сигурна сум дека тоа поглавје е завршено. Тогаш, зошто да не ја оставам таа љубов да постои, заглавена во времето, како прекрасна слика од Дали?

– Да, да, ти си чудо! – се смееше Хуго. – Си ù ја раскажала приказнава на другарка ти? – праша, мислејќи на урнатата врска на Едит за којашто му раскажував претходно.

– Ја знае, го откачив.

– Не ја знае како што ја знам јас! – инсистираше Хуго.

– Таа ги знае и глупавите детали, како кога плачев на „I Will Always Love You“ и си ги бришев солзите од маица.

– Тоа се плитките детали. Треба да знае за да дозволиш љубовта да остане заглавена во времето како прекрасна слика од Дали.

– Прво нека поплаче малку. Ќе ù кажам кога ќе се брише од маица.

– Доста со таа маица – помислата го нажалуваше Хуго. – Како е Макс?

– Чуден и мирен во последно време. Не знам дали да се секирам.

– Созревањето е заразно… – Направи пауза. – И јас сум тука, значи… Што прави третиот?

Веднаш ми текна за што зборува. Имаш тројца во животот. Се обидов да се преправам дека не знам што зборува.

– Ич нема да те бива за покер, само да знаеш – ми кажа, татковски. – Знаеш многу добро на што мислам.

– Добро, де, ама не знам ни што да ти кажам – признав.

– Те сака?

– Не.

– Ти го сакаш?

– Не.

– Па, зошто тогаш зборуваме за него?

– Па, ти прашуваш!

– Кој правец е?

Со Хуго имавме една финта, опишувавме луѓе со уметнички правци. Откривме дека тоа прави совршен превод на нашите мислења за другите луѓе и дека комплетно се разбираме со тој метод. На пример, Хуго беше амстердамски импресионизам, Едит беше кинеска уметност со розови цветови од цреша, а Макс веројатно беше клоазонизам. Хуго рече дека сè уште бара правец за мене и дека не му е едноставно да најде. Сега ме прашуваше за Сезар, затоа што му требаше комплетна слика. Размислував накратко и наскоро се прашав зошто воопшто требаше и да размислувам.

– Реализам.

Реализам?! – извика Хуго, речиси навредено.

Кимнав со главата.

Магичен реализам? – праша со надеж во погледот.

– Хиперреализам – му одговорив како да го бомбардирам со ужасна вистина.

– Како?

– Не знам. Секогаш е фокусиран. Не сака непотребни работи. Не сака да му се повторуваат работите затоа што ја сфаќа поентата пред да се заврши реченицата. Практичен е. Секогаш е облечен нормално, не знам дали би отворил врата по долна облека како некој тука. Ама не е опсесивно компулсивен за нештата, еве, разведен е и не се заморува со тоа. Не обрнува внимание на неважни работи, дури и се каравме еднаш, па може да се каже дека не е робот или нешто такво. – Сфатив дека ломотам. Кога успеав да ја направам анализава?

Хуго ме гледаше и ме слушаше трпеливо.

– Како се чувствуваш околу него? – ме праша со глас на австриски психијатар.

– Деновиве? Како тинејџерка. Избегнувам директен разговор затоа што ми е страв дека ќе кажам нешто глупаво. Се фаќам како зјапам во него. Срамота за една возрасна личност.

– Па, ти цело време мислиш на него – нападна Хуго.

– Хуго, нема шанси, и ме тераш да се чувствувам како мало дете што го прашуваат за симпатија! Срам ми е! – закенкав.

– Но, зошто? – се изнасмеа Хуго.

– Не знам! – Се нервирав самата себе. – Обично сум прибрана со секого, последниот пат кога ми се сврте во нечија близина беше во средно. И откако пораснав, никогаш, никогаш не се посомневав во мојата комуникација со луѓе. И ова ме буни и ме фрустрира, а ти и Макс уживате!

Хуго ми го испитуваше лицето со израз што издаваше мала „еурека“.

– Јас знам зошто си изнервирана и знам зошто го сакаш…

– Не го…

– Затоа што – ме прекина Хуго и продолжи, комплетно игнорирајќи ме. – Иако купуваш цигари во пижами и сликаш чудни работи, иако сè уште не се обидуваш да прозбориш на јазикот на државата каде што живееш со години и сакаш да си поставуваш чудни прашања за луѓе што не ги познаваш, ти, драга моја, си исто така – реализам.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.