Куси реченици, емотивни како цели книги

Кратката приказна на Хемингвеј стана синоним за моќта на добрите раскажувачи „Се продаваат чевли за бебе. Никогаш неносени“.Таа инспирираше многу автори, кои го копираа неговиот стил за да допрат до читателот и создаде жанр именуван како „флеш“ фикција.

Блогот Six Word Stories е место каде што можете да прочитате многу вакви приказни, независно дали тие се дело на познати или непознати автори.

Ова се дел од нив:

  • Гугл, зошто сум толку осамен?
  • Странци. Пријатели. Најдобри пријатели. Љубовници. Странци.
  • Таа е песна, тој не знае да чита.
  • Мама ме научи како да се бричам.
  • Најмалите сандаци се најтешки.
  • Си ја замислував зрелата доба. Созреав. Ја изгубив фантазијата.
  • „И јас те сакам“ – лажеше.
  • Господине, избришете ја мама од именикот.
  • Поставено прашање, негативен одговор, вратен прстен.
  • „Се гледаме утре“ – најпознатите последни зборови.
  • Ги понесов ружите дома. Клучевите не одговараа на бравата.
  • „Погрешен број“ – кажа познат глас.

Ваквите кратки приказни составени од само неколку (најчесто токму шест) збора станаа дел од новото издание на Арс Ламина, „Најкратките раскази на светот“ . Тие не можат да се сместат во еден жанр, па дури ни во еден стил, а нивните единствени сличности се во тоа што строго се придржуваат на задолжителното ограничување на зборовите. Меѓу нив некои анегдоти се смешни, други се интроспективни, а трети се навистина трогателни, но заедничко за сите е што се впечатливи.

Во ова мало издание ви пренесуваме дел од најоригиналните најкратки раскази на светот.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s