Поезија за жената на Владимир Мартиновски и Васко Марковски

Меѓународниот ден на жената, е повод за подарок стихови на двајца поети, Владимир Мартиновски со „Буба на пајак“ и Васко Марковски со  „Извини се препознав!“ и избор од десет хаику песни.

Среќен 8 – ми март!

Владимир Мартиновски

 

БУБА НА ПАЈАК

 Не, не, не е тоа што мислите: не се смувале буба и пајак! Ова не е љубовна басна за инсекти. Тоа, друг пат.

Епа вака. Пајак-службата ни е најагилната чета во градот. Еве сега со пајакот имаат прибрано една нова Буба Фолксваген, а во конвојот пајаци имаат собрано уште 10-тина возила.

Многу се ербап пајакџиите. Бидејќи денес е осми март, нивните „тури“ денес се движат околу цвеќарниците и цветниот пазар. Ги демнат сите коли кои се застанати по тротоарите со четири трепкачи и дур да трепнеш пајакот ги уловил. Така низ град денес може да се видат еден куп гневни возачи со клучеви од коли и со букет кали, гладиоли или гербери в рака.

Ама и сите пајаци не ловат само буби.

                 Камион-пајак
пред цвеќара: возачот собра саксија.

Васко Марковский

ИЗВИНИ, СЕ ПРЕПОЗНАВ!

Филмски наслов

во нарачката за пазарување:

ПОМПЕА 15 ДЕН МЕСО БОЈА

Помислив жена ми

порачала да ѝ купам

филм, од кај шиткачите.

Тоа, да ти биле хулахопки:

Помпеа (бренд)

15 ден (тип)

месо боја (боја на материјалот)

Нема вуканска експлозија,

нема евентуално преживеани – две

недели подоцна,

нема мајсторија во боите на мозаиците.

 

ЛУПЕЊЕ КОМПИРИ

Отворив весник

да лупам компири, се

наjдов зачитан.

 

ДНЕВНА АРХЕОЛОГИJА

Чистам низ станот.

Во мисли поврзувам

траги од живот.

 

ПАРКИНГ И БИГ-БЕНД

Стокмена жена

минува низ паркингот.

Ѝ стои џезов!

 

БУДЕЊЕ

Утрински зраци

jа будат вазната, полна

убавина.

 

ВОЗДИШКА

Црвен семафор

во камерен простор. Мал

интимен момент.

 

СРЕДБА

Утро. Штотуку

пат ми пресекла, жена

со убав парфем.

 

SNOOZE

Снег на балконот.

Две столици, чекаат

да запролети.

 

НЕВИДЛИВИОТ ЧАСОВНИК

Низ влезот ечат

четири потпетици.

Утро зад sидот.

***

Со букет кали

пешак сум на црвено –

сељак џентлмен.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.