Големиот американски џез и блуз гитарист Скот Хендерсон во „Астрорум“

Неговата импресивна долгогодишна кариера како еден од водачите на групата Трајбал Тек, како водач на неговото револуционерно трио и соработник на некои од најдобрите музичари од неговата генерација, вклучително и големиот Џо Завинул, го лансираше во врвот на џез и блуз сцената. Американскиот џез-фјужн и блуз гитарист, Скот Хендерсон минатата година со концерт во Домот на АРМ го оствари своето прво гостување на нашата сцена, а утре, на подиумот на Станица 26 ќе го впише и второто, како дел од неговата голема европска турнеја.

Роден на Флорида во 1954 година, каде и пораснал опкружен со блузот и рокот во нивната полна форма. Во младоста настапувал низ Јужна Флорида, во тамошните клубови во кои се свиреле различни жанрови изложувајќи се на многу музички влијанија како музиката на Џими Пејџ, Џеф Бек, Џими Хендрикс, Алберт Кинг, Бади Гај и други. Иако, самиот тврди дека е повеќе блуз-рок музичар, неговиот уникатен музички стил се темели доминантно врз џезот. Покрај големото искуство на сцената, Скот Хендерсон во својата биографија има впишано и значајно формално образование што се огледа во неговите комплексни композиции и аранжмани.

Во 1984 година Хендерсон го формира бендот „Tribal Tech“ со басистот Гери Вилис и по деветте успешни албуми, тој конечно успева да се профилира себеси во еден од најдобрите светски изведувачи и композитори. Во 1991 година престижното музичко списание „Guitar World“ го именува за најдобар гитарист во светот, а неговиот прв солистички албум „Dog party“ е прогласен за најдобар блуз албум во музичкото списание „Guitar Player“. Зад него се и уште неколку познати соло албуми на има остварено соработка со изведувачи како Алан Херц, Виктор Вутен, Стив Смит и други.

This slideshow requires JavaScript.

Скот Хендерсон е и познат гитарски педагог кој ги обучува студентите во Музичкиот институт во Холивуд, но најпознат е по своите уникатни гитарски школи, популарни меѓу сите гитарски фанатици во светот.

Во ова издание на „Астрорум“ гостува светски познатиот американски џез и блуз гитарист Скот Хендерсон.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.