Кованицата NovelTeas е настаната како игра со зборовите novel и tea (во превод од англиски: роман и чај). Всушност, таа претставува бизнис-приказна на луѓе кои ги спојува љубовта кон чајот и книгите.
Станува збор за пакување на чаеви, наменети за вљубениците во литературата.
Лимените кутии во облик на книги се исполнети со чаеви, именувани според делата од класичната книжевност.
Секое пакување на чај е составено од дизајнирана кутија во манир на старите изданија и чаевите се спакувани во неа. Има различни видови чаеви, од зелен, преку црниот до различни билни, а имињата ги имаат добиено како резултат на поигрувањето со насловите на книжевните дела.
Засега, во палетата на чаеви ги има: „Војна и мир“, „Сликата на Доријан Греј“, „Оливер Твист“, „Дон Кихот“, „Гордост и предрасуди“ и „Многу врева за ништо“.
Овој производ има цел да ги инспирира читателите и да ги поттикне да го прошират својот светоглед за темите, ликовите, пораките и вредностите на класичните романи.
А целата приказна почна со кампањата „Кикстартер“ во чиишто рамки за само 30 дена се собрани 400% повеќе средства отколку што е побарано, а кампањата првенствено ја поддржаа љубителите на чај и на книги.
Сите илустрации што ги красат лимените кутии за чај се дела на независни уметници.
Новите дизајни на кутии и новите вкусови на чаеви можете да ги следите на социјалните мрежи на нивниот официјален сајт http://www.Novelteatins.com.