Топ 10 цитати на Доналд Трамп за читањето и пишувањето

Доналд Трамп – 45-тиот американски претседател е веројатно најцитираната личност на денешницата. Без да додаваме епитети, придавки на неговите лик и дело, еве некои негови „размисли“ за пишувањето, писателите, читањето и, генерално, светот на литературата.

  • „Знаете дека сакам да читам. Всушност, ја гледам книгата, ја читам книгата и се обидувам да го почнам читањето.“
  • „Низ годините имам прочитано стотина книги за Кина. Ги познавам Кинезите. Имам заработено многу пари со Кинезите. Го разбирам кинескиот ум.“
  • „Читам пасуси, читам страници, читам глави, немам време. Кога последен пат гледав бејзбол на телевизија? Само тебе те гледам (Меган Кели, американска новинарка и телевизиска водителка)!“
  • „Фредерик Даглас (американски противник на ропството, оратор и писател) е пример за човек кој направил неверојатна работа и сè повеќе е препознаен, јас забележувам.“
  • „Моите луѓе продолжуваат да ми велат дека не треба да им пишувам писма на критичарите, како ова. Начинот на којшто јас го гледам ова е дека критичарите можат да кажат сè што сакаат за мојата работа, тогаш зошто јас не би можел да кажам што сакам за нивната.“
  • „Не пишуваат добро. Имаат многу луѓе таму, како Меги Хаберман (позната американска новинарка) и други што не пишуваат добро. Тие не знаат како да пишуваат добро.“
  • „Навистина не е битно што пишуваат тие, сè додека имаат млада и згодна задница.“
  • „Многу сакам книги. Сакам да читам. Немам баш многу време за нив, ама сакам да ги читам.“
  • (Извршен директор дава опомена против Кина): „Јас би сакал да ви дадам извештај. Би сакал да имам можност да ви ја пратам“.(Ох, момче, тој има опширен, предолг извештај, илјадници страници…) Јас му реков: „Направи ми услуга, не ми праќај извештај. Прати ми три страници“.
  • „Ги знам зборовите. Ги имам најдобрите зборови.“

Извор: https://bookstr.com/top-10-trump-quotes

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.