Даниел Рајскин во разговор со Бранка Костиќ-Марковиќ во „Литература.мк“: „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ ни гостува светски познатиот руски диригент Даниел Рајскин. Како син на познат музиколог тој пораснал во Санкт Петербург, опкружен со музика. Во музичко училиште се запишува на шест години, а потоа студира виолина, виола и диригирање на славниот петербуршки конзерваториум. На дваесетгодишна возраст ја напушта Русија и продолжува да студира во Амстердам и Фрајбург. Неговиот учител Лев Савич ќе го инспирира да навлезе во светот на диригирањето, за потоа да се усовршува кај влијателни имиња како Марис Јансонс, Нееме Јарви, Милан Хорват, Волдемар Нелсон и Јорма Панула. Заедно со виолата, тој уште како млад навлегува и во светот на диригирањето. Во 2005 година, станува шеф-диригент на Рајнската филхармонија и на таа позиција е до 2016, а од 2008 до 2015 година на Филхармонијата „Артур Рубинштајн“ во полскиот град Лоѓ.

This slideshow requires JavaScript.

Другите ангажмани како диригент се бројни, вклучувајќи ги: Атинскиот државен оркестар, Хонг Конг Синфониета, Симфонискиот оркестар на Малме, Оркестарот на театарот Марински, „Моцартеум“ во Салцбург, Белгискиот национален оркестар, Националниот оркестар од Лион, Филхармонискиот оркестар на Буенос Аирес, Симфонискиот оркестар на Чиле, Националниот симфониски оркестар на Мексико, Симфонискиот оркестар на Осака и други. Од оваа сезона Даниел Рајскин е постојан гостин диригент на Симфонискиот оркестар на Тенерифе и Белградската филхармонија, како и уметнички партнер на Камерниот оркестар St. Michael Strings од Финска. Меѓу врвните солисти со кои соработува маестро Рајскин се и Мартин Фрост, Албан Герхард, Ланг Ланг, Миша Мајски, Даниел Милер-Шот, Иво Погорелич, Џулијан Рахлин, Вадим Репин и Алексеј Володин.

Advertisements