Денот на љубовта и виното е ден кога сакаме да им посветиме посебно внимание на нашите најсакани, а книгата е секогаш добар избор за подарок. Задоволство ни е да ви предложиме неколку одлични наслови за љубовта и виното кои ќе ги најдете во нашите книжарници.
Најпрво ги издвојуваме најновите наслови со љубовна содржина:
„Ти и јас“ – персонализирана книга и уникатен подарок за оние кои најмногу ви значат
„П.С. Ми се допаѓаш“ од Кејси Вест – нов роман за млади во издание на „Арс Либрис“
„Скоро парижанка“ од Јана Мишо– романтична комедија од младата авторка Јана Мишо, реиздание на нејзиниот прв роман, „Скоро парижанка или Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“
Во продолжение најдобрите интернационални бестселери за љубовта и виното:
„Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин
„Најубавите љубовни писма на сите времиња“
Серијал „101 мисла“ – 101 инспиративна мисла за жената, успехот, виното и љубовта
„Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи за млади на листите од светски познатата веб-страница goodreads.com
„Биди со мене“ – втората книга од серијалот „Те чекам“ од Џенифер Арментраут
„Отчукувања“ од Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес – приказна за безусловната љубов, идеалистичка и недостижна за земските несреќи
„Нека снежи“ – бестселер со трите романтични приказни на Џон Грин, најпродаваниот автор на денешницата, заедно со Лорин Миракл и Морин Џонсон
„Делириум“ и „Пандемониум“од Лорен Оливер – едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња кои се споредуваат со добро познатиот серијал „Игри на гладта“ (Hunger Games)
„Вљубувања“ од Хавиер Мариас – метафизичка приказна збогатена со егзистенцијални прашања како прашањата за смртта, животот и љубовта
„Уметноста и науката за виното“ од Џејмс Халидеј и Хју Џонсон – интересна и истовремено комплетна приказна за тоа како се произведува вино
„Почитување на виното“ од Ричард П.Вајн – совршен подарок за секој љубител на виното
Деновите на книгата, љубовта и виното во „Литература.мк“ веќе започнаа , а ќе траат до 17 февруари со следните неодоливи понуди:
– Серијал книги „101 мисла” за 101 денар
– „Подобро е во пар” – купи 2 книги и добиј 20% попуст
– „Подари книга, подари љубов” – промоција на нови наслови со љубовна содржина
Понудите важат во двете книжарници на „Литература.мк“ (на улица „Македонија“ и во ТЦ „Рамстор“).
ЗА ДВА ДЕНА РЕЧЕ „ДА“ МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПОРАЧА ЕЛЕКТРОНСКИ ПРЕКУ САЈТОТ literatura.mk?
Здраво Златко, секако дека може и тоа на следниот линк: http://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13256 . Поздрав.