Бора Чорба со нова збирка поезија, во која нема пцуење

Во Клубот на книжевници на Србија, во Белград, беше претставена десеттата книга на Бора Ѓорѓевиќ, збирка песни „Пуст остров“ („Арте“), која рокерот, композиторот и водачот на „Рибја чорба“ ја посвети на својата последна, најголема љубов Дубравка.

Книгата го добила насловот по истоимената песна објавена во рамките на колумната што Бора Чорба, своевремено, ја пишувал за „Вечерни новости“. Поделена е во циклуси – на почетокот се наоѓаат песни што биле дел од албумот „Овде“, „Трилогија“ и „Узбуна“, потоа песни што ги снимиле други изведувачи како „ЈУ група“, Павле Дејаниќ и „Поинт бланк“, следува циклус детски песни, несериозен циклус, како што условно вели тој, потоа циклус „Србија“, што има најмногу песни… Таму се и необјавените фотографии на Бора Чорба, снимени на различни острови, како и фотографии од зад сцената со „Рибја Чорба“.

Академик Матија Бечковиќ со пофалби за поетското творештво на Бора Чорба

„Бора Ѓорѓевиќ на англиски се вели Боб Дилан, а Боб Дилан на српски се вика Бора Чорба“, изјави поетот и академик Матија Бечковиќ, рецензент на книгата. „Вие одлучете дали тоа име повеќе губи во преводот или во оригиналот. За Бора не може да се зборува неврзано или колку и да зборувате неформално, слободно не можете да го заобиколите неговиот дар од Бога даден и значењето во српската поезија и култура. Тој ги има напишано неколкуте најзначајни, антологиски песни од модерната српска поезија, а неговата песна ’Погледај дом свој анџеле‘ стана химна на новите поколенија. Дури и да не испеал ништо друго, оваа песна ќе беше доволна за да му обезбеди место на врвот во српската поезија. Да не беше пејач, туку само да пишуваше и да објавуваше, тој одамна ќе беше член на САНУ. Вака е само дописен член на УКС, бидејќи Академијата за членови сè уште не прима кантавтори.“

Овие зборови го засрамеа Бора, кој потоа на својата промоција на присутните им изрецитира неколку песни од книгата, „Презир“, „Лелек Срба“, „Лара“, „Предејане блуз“, а на прашањето зошто му беше непријатно додека Бечковиќ зборуваше, Бора одговори:

„Тоа е големиот Матија, мојот пример, и кога тој ги кажува пофалбите за мене, тогаш е баш непријатно.“

А што ја издвојува оваа книга од другите, Чорба вели:

„Ако забележавте, во неа нема пцуење. Забележете, веќе нема пцуење, затоа што тоа не им прилега на моите години. Само пцуењето кога служи како стилска фигура, тогаш користам некој пожесток збор.“

Извор:

http://www.novosti.rs/vesti/scena.147.html:706662-Bora-Djordjevic-predstavio-zbirku-pesama-U-ovoj-knjizi-psovki-nema

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s