Градските чистачи создадоа библиотека од фрлени книги

 Комуналната служба на Анкара има своја библиотека, а сите книги во неа ги собрале нејзините вработени од контејнерите на различни локации ширум градот.

„Тие требаше да завршат на отпад, а ние им дадовме нов живот. Идејата се роди кога заедно со колегите размислувавме што можеме да работиме, покрај редовната работа“, вели Емирали Уртекин, управник на библиотеката, кој истакнува дека на сличен начин ја основале и музичката група, чиишто членови свират на канти за ѓубре, фрлени како старо железо.

„Читањето е добро за мозокот и нè води кон нови идеи“, вели дваесетгодишниот Ерај Јилмаз, кој им ги издава книгите на читателите. Денес, библиотеката има 4.700 книги, а уште 1.500 книги го чекаат своето место на полиците.

Проектот е почнат пред седум месеци, а книгите се поделени по сектори: од љубовни романи, па сè до литература за бизнис-советување. На почетокот библиотеката ја користеле само работниците од комуналната служба на округот Џанкаја, околу 700, а сега е отворена и работи 24 часа дневно.

Неодамна, реновираната фабричка зграда стана омилено место за одмор на работниците од градската чистота, бидејќи во неа се наоѓаат библиотеката, кафетерија и берберница. За време на паузата таму можат да читаат, да се напијат чај или да играат шах. Сите книги се изнајмуваат бесплатно, а можат да ги задржат најдолго две недели.

„Многумина доаѓаат да ја видат библиотеката и ни даваат доброволни прилози“, вели управникот на библиотеката Уртекин.

Дури им стигнуваат и книги пратени по пошта од другите градови на Турција. Тие планираат и создавање на подвижна библиотека, со која секои 15 дена ќе бидат посетувани училиштата. Досега се имаат јавено и голем број деца, чиишто училишта немаат библиотеки или изборот на книги во нив е исклучително мал.

„Многу сме задоволни со успехот на нашата библиотека. Овој проект ни даде нов идентитет“, истакнува Уртекин.

Извор:

https://www.blic.rs/vesti/svet/turski-dubretari-sakupljali-bacene-knjige-i-napravili-cudo/w8gsq7v

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s