Циклусот емисии „Астрорум“ од денеска и на интернет, а во првото издание гостува писателот Томислав Османли

 

Од денеска па натаму, еднаш седмично на нашата страница ќе објавуваме по едно интервју од циклусот „Астрорум“ коишто ги подготви и водеше нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ во книжарницата Литература.мк. Оваа книжарница е отворена кон крајот на 2016 година, во строгиот центар на Скопје, во најпрестижната пешачка зона – улицата „Македонија“. Визијата на сопствениците беше да ѝ го вратат сјајот на познатата пешачка зона и повторно да ја направат колепка на македонското граѓанство и центар на интелектуалниот ноќниот живот на градот. Тие веруваа дека со планираната програма „Литература.мк“ набрзо ќе стане сврталиште на љубителите на книгата, на случајните минувачи, на авторите, уметниците, бизнисмените, на студентите, пензионерите, па и на сите добронамерници што сакаат да го заокружат денот со добро кафе, добра музика и, се разбира, со добра книга.

 

Проектот „Астрорум“

Веднаш по отворањето на „Литература.мк“, „се роди“ и идејата за збогатување на концептот на книжарското работење, а со тоа и проектот „Астрорум“, чиј идеен творец е нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ. „Астрорум“ претставува еден вид на разговорница каде меѓународно успешни личности, неретко и во живо пред публика, ги споделуваат своите размисли за литературата, уметноста и културата. Со ова, Литература.мк покрај својата основна мисија за доближување на книжевноста до поголем број читатели, полека ги остварува и своите други цели – да стане вистинско сврталиште на целиот интелектуален потенцијал во земјава, но и пријатно место за сите добронамерници кои сакаат да зборуваат за книжевноста и уметноста.

 

Астрорум и на интернет

Идејата на тимот на „Литература.мк“ беше препознаена и од компанијата „Македонски Телеком АД Скопје“, со чија поддршка културниот проектот „Астрорум“ го започна својот живот и на интернет. Оттука, во ова виртуелно културно ќоше, ќе можат да уживаат сите „жители“ на „глобалното село“. За врвниот квалитет на овие документирани културни содржини“, нешто што последниве години отсуствува во македонскиот етер, се погрижи продукцијата „Мунлајт“.

 

За уредникот

Бранка Костиќ-Марковиќ е уникатна појава во македонскиот медиумски простор. Особено стручниот и професионален пристап, но во истовреме и крајно телевизичен и прагматичен, ја прави подеднакво популарна и почитувана и во професионалните музички кругови, но и кај пошироката културна јавност. Нејзината телевизиска дејност трае речиси две децении, како музички новинар, а подоцна и музички уредник во Телевизија Телма за која има остварено повеќе од 400 авторски емисии и над 1000 интервјуа со домашни и странски уметници (меѓу кои и ексклузивните интервјуа со Jose Carreras, Zubin Mehta, Leo Nucci, Vladimir Pletnev, David Garrett, Esa-Pekka Salonen, Djivan Gasparyan, Rabi Abu Khalil, Larry Carlton, Alexei Volodin, Shlomo Mintz, Kristjan Järvi), како и бројни други содржини од областа на македонската и светската музичка уметност и наука. За целото ова време таа е активна и како етномузиколог, јавувајќи се со научни трудови на конференции и во музиколошки списанија. Бранка Костиќ-Марковиќ работи како уредник во издавачката куќа Арс Ламина и е автор проектот „Астрорум“ во Литература.мк.

This slideshow requires JavaScript.

Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонскиот писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, критичар, новинар и есеист, Томислав Османли. Автор е на 23 книги, драмски текстови, сценарија, и творби од областа на теоријата на медиумите и есеистиката. Неговите книжевни дела се преведени на повеќе јазици, како англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски… како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи. Добитник е на повеќе творечки, општествени и професионални награди и признанија.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.