Најчитани книги во 2017 година

Изминатата 2017 година, беше година која нè почести со голем број нови изданија и наслови, многу промоции и настани, како и многу нови читатели, кои низ страниците откриваат многу нови светови.

Подолу ги издвојуваме најчитаните книги за 2017 година од светот на белетристиката и на детската литература во издание на Арс Ламина.

 

1. „Анаис од Монмартр“

– Јана Мишо

Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко. Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Би се изненадиле.

 

 

2. „Фајронт во Сараево“

– д-р Неле Карајлиќ

Фајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“. Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи.

 

3. „Бебето на Бриџит Џонс“

– Хелен Филдинг

Бриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“ Во години е кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете. По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото?

 

4. „Светот на рамена“

– Џенифер Нивен

Сите мислат дека знаат сè за Либи Страут, но никој никогаш не се обидел да погледне подлабоко во неа и вистински да ја запознае. По ненадејната смрт на нејзината мајка, Либи се затвора дома, но сега таа е подготвена: за средното училиште, за новите пријатели, за љубовта и за секоја можност што и ја нуди животот. Исто така, сите мислат дека знаат сè за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена. Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого. Тогаш Џек ја запознава Либи. И нивните светови се менуваат…

 

5. „Отчукувања“

– Хавиер Руескас, Франсеск Миралјес

Добрата страна?! Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits.
17:05Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што и претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да и пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека и недостига воздух.
17:06

 

 

6. „И така, ви велам…“

– Џон Клиз

Автобиографијата на Џон Клиз, И така, ви велам…, е сето она што се очекува од нејзиниот автор – луцидна, промислена, провокативна и пред сè – забавна историја за тоа како едно високо, срамежливо момче од Вестон-супер-Мер стана своевидна легенда.
Во овој интензивен и реномиран мемоар, Клиз ги води читателите на една голема турнеја низ неговиот подем во светот на шоу-бизнисот поаѓајќи од скромните почетоци во сонливиот роден град и раните комични денови на универзитетот Кембриџ (во друштво на идниот партнер во славните „Монти Пајтон“, Греам Чепмен) до основањето на прочуената комична група што ќе му донесе светска слава.

 

7. „Нултиот број“

– Умберто Еко

Колона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите. Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.

 

8. „Гордост и предрасуда“

– Џејн Остин

Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.Гордост и предрасуда е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.

 

 

 

9. „Куфери од песок“

– Ана Лангфус

Продолжение на Сол и сулфурКуфери оg песок ја добива Гонкуровата награда во 1962 година и се смета за едно од ретките книжевни дела што успеало грозоморните искуства од Холокаустот да ги вообличи во уметничка форма. Приказната ја следи Марија, млада Полјачка, која неколку години по војната лута низ Париз. Нејзиното семејство e ликвидирано во текот на германската окупација на Полска. Еден стар господин, Мишел Карон, кој го запознава случајно, се приврзува за неа и таа решава да тргне со него на југот на Франција. Но, таму нејзиниот придружник и става до знаење дека нежноста и пријателството за него нема да бидат доволни. Ненадејното доаѓање на сопругата на нејзиниот љубовник ја нарушува рамнотежата и Марија мора да си замине и да се соочи со реалноста на светот. Можеби и да се обиде да живее повторно – сама.

 

10. „Аматер“

– Жан Бак

Краткиот роман на Жан Бак, „Аматер”, вдомува комплексен наратив. Дејството на романот е сместено во 2007 година, кога нараторот наидува на расказ што го напишал уште како осумнаесетгодишен студент во 1971 година. Се одлучува да ја препише првичната приказна, овој пат комбинирајќи ја со сеќавањето на
една дамнешна љубов, Роза, млада девојка од Германија многу поискусна и сексуално посозреана од него. Резултатот е сложена дискурсна мрежа, „полилог“ во кој различните гласови не стекнуваат апсолутно, туку релативно значење, разоткривајќи ја смислата на делото превосходно во интертекстуалните празнини. Како и повеќето современи остварувања што ја избегнуваат линеарната нарација, и романот на Жан Бак е самосвесен, па неретко посегнува нанадвор, вон фабулата, кон размислите за сите можности и ризици што се исправаат пред авторот на едно книжевно дело.

 

 

 

Од литературата за деца ги издвојуваме најпродаваните наслови за 2017 година.

 

1. „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“

– Билјана С. Црвенковска

Ова е една сосема неверојатна приказна за:Едно неверојатно девојче кое не сака да си го открие името. Една исто толку неверојатна бела мачка. Еден парк по име Зеленпарк што крие мнооогу мистерии. Еден дух од таванот. Еден мистериозно исчезнат поет и уште многу многу други чудни нешта.
Плус: Прирачник за женските што сакаат да станат супервештерки. Тест: Каква вештерка си? Суперкреативни вештерски дневник и вештерска шкртанка-цртанка само за ТЕБЕ!

 

 

2. „Тато, имаме приказна“

– Александар Таковски, Гала Таковски

14 татковско-ќеркински приказни за читање и смеење на глас
Сте чуле ли за кит што јаде сладолед? 
Или, пак, за змија што сака пуканки?
 Какви магии прави волшебниот делфин, 
што сонуваат лулашките, зошто плаче една санка и како крапот ја научи Мила да сурфа – ова се само дел од приказните од оваа книга, кои, верувале или не – ги смислија еден татко и едно шестгодишно девојче.

 

 

3. „Мистериозното јајце“ 

– Оливер Коларевски

Најдобрите другарчиња Дени, Лука, Ана и Оливер пронаоѓаат едно џиновско и крајно мистериозно шарено јајце. Што ли се крие во него? Секое од децата замислува што би можело да да има во јајцето, а Оливер си мечтае дека во него има малечко розево слонче. Слонче? Па, кој слушнал слонче да излезе од јајце? Слончињата не се раѓаат од јајца, за разлика од птиците, кокошките, диносаурусите и змејовите. Како ли ќе се разреши оваа гооолема мистерија и што навистина се крие во јајцето?

 

 

4. „Мали огласи и уште по нешто“ 

– Дејан Алексиќ

Мали огласи, жалби и тужби, вести и необична мода – сето ова е дел од оваа забавна книга на приказни во стих, од кои ќе се тресете од смеа. Мустаќи кои преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице кое се јавува на огласот; радијатор кој се жали на луѓето кои ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе…
Инаку, мали огласи е добитник на наградата “Доситиеево перо” во категоријата за помлади.

 

5. Серијал „Бајки од Македонија“

– Билјана С. Црвенковска, Катерина Николовска

Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни кои претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и прилагодени на децата.
Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“ ги изработи илустраторката Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на конкурс, а адаптацијата на текстот ја направи Билјана С. Црвенковска.

 

6. Серијал „Исидора Мун“ – Хариет Мункастер

Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете. Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но, исто така, го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче.

„Исидора Мун“ е нов серијал книги за деца кој се состои од четири супер црно-розови приказни: „Исидора Мун oди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“,„Исидора Мун оди на кампување“ и „Исидора Мун слави роденден“.

 

7. Серијал „Басни од Македонија“

– Билјана С. Црвенковска, Катерина Николовска

По бајките, од печат излезе и новата едиција „Басни од Македонија“ – волшебни народни приказни во модерно издание. Собрани од Марко Цепенков, адаптација на текст Билјана Црвенковска, илустрации Катерина Николовска.

 

 

 

 

8. „ГДЏ – Големиот добар џин“

– Роалд Дал

ГДЏ не е таму некаковси обичен џин што дроби и џвака коски. Не – тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот, или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. Станува збор за светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк.

 

 

9. „Лесната принцеза“

– Џорџ Мекдоналд

Многу добро е познато дека на новородена принцеза може да и биде фрлена клетва, особено ако нејзините кралски родители заборават на крштавањето да поканат важен роднина со волшебни моќи. Но, никогаш не се чуло за таква клетва каква што ќе биде фрлена на Лесната принцеза. Освен што нема гравитација, таа не умее да сфати никого сериозно. Уште полошо, таа може да биде оддувана и од најмалото ветре! Но, дали може убавиот принц да и помогне да застане на земја?

 

 

10. „Кралот на златната река“

– Џон Раскин

„Кралот на Златната река“ е приказна за младиот Глук, своеглаво момче со двајца ужасни браќа кои постојано го малтретираат.  Еден ден, Глук и браќата тргнуваат да го бараат изворот на Златната река.  Кога ќе го најдат, се сретнуваат со кралот на Златната река, кој им покажува како да ја претворат Златната река во вистинско злато.

 

 

 

 

Повеќе информации за овие и други наслови можете да најдете на: http://literatura.mk/.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.