Поранешната демократска кандидатка на претседателските избори во САД во 2016-тата година, Хилари Клинтон, се појави на доделувањето на Греми наградите во Њујорк, каде на глас заедно со Шер, Џон Леџенд и други ѕвезди читаше делови од контроверзната книга за актуелниот американски претседател Доналд Трамп – “Оган и гнев”.
Таа се појави во скеч во кој познати личности учествуваат на аудиција за читање на бестселерот на Мајкл Волф, која ја организирал водителот на овогодинешните доделувања на Греми наградите, Џејмс Корден.