Четири начини како книжевноста влијае на нашиот живот (видео)

Дали се сеќавате на чувството кога на училиште бевте присилени да прочитате одредена лектира? Некој роман од XIX век што вам ви се чини дека е целосно непотребен, наспроти реалниот живот што се случува некаде надвор.Ако го читате овој текст, веќе го имате надминато чувството на сомнеж во вредноста и значењето на книжевноста. Книгата „Училиште на животот“ (The school of Life) ви нуди неколку одговори со кои повторно можете да си ги преиспитате вашите ставови во однос на книжевноста. Таа никогаш не треба да се идентификува со забава, бидејќи е многу повеќе од тоа. Во продолжение прочитајте ги четирите психолошки функции на книжевноста и како со читањето влијаеме на нашиот живот.

 

  1. Иако на прв поглед се чини дека читањето краде време и дека е подобро да работиме нешто друго, отколку да пролетуваме со поглед низ редовите на страниците, сепак со читањето штедиме време. Со читањето им пристапуваме на настаните, чувствата и ситуациите за кои ни е потребна вечност за да ги искусиме во реален живот.
  2. Со фактот дека со читањето сме запознале некои други животи и стојалишта на некои други луѓе, ние стануваме потолерантни од оние што остануваат во рамките на сопствениот живот. Запознавајќи ги другите ние го зголемуваме степенот на емпатија, карактеристика што во светот на егоизмот и владеењето на моќта е повеќе од потребна.
  3. Сетете се на моментот кога сте се препознале во одреден литературен јунак, кога своите размислувања, постапки и зборови сте ги откриле пресликани во него. Читањето е лек за осаменоста, бидејќи со него откриваме дека постојат луѓе со кои делиме исти чувства, идеи и погледи на свет. Писателите умеат да ги пронајдат вистинските зборови, тие знаат да ги опишат нашите чувства од љубовта и осаменоста, од стравовите и доживувањата на смртноста. Со тоа книгите ги претставуваат нашите најдобри пријатели кои секогаш имаат време и трпение за нас.
  4. Наспроти медиумите, кои неуморно ни прикажуваат како треба да се вреднува личноста и животот на поединецот, кој е успешен, а кој не, со читањето на приказните и романите живееме со јунаците кои се соочуваат со своите неуспеси и дознаваме дека овој свет не е онаков каков што ни го прикажуваат таблоидите. Неуспехот нужно не повлекува осуда на јунакот, туку може да разбуди сочувство кон него.

Сите овие причини одат во прилог на фактот дека книжевноста треба да ја гледаме поинаку. За многумина, читањето е само обична забава со која можат да го пренасочат своето внимание. Но, читањето е многу повеќе од тоа, и покрај естетската и етичката вредност, книжевноста има и терапевтски својства, па неретко за одредени проблеми се „препишува“ одредена литература, што би помогнала во нивното решавање. Но, над сè, книжевноста можеме да ја доживуваме како средство со кое нам ни е овозможено да живееме со повеќе мудрост, добрина и разум, тоа ни го препорачува ова интересно видео:

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s