На ова патување со градскиот превоз, вљубениците во книгата нема да имаат никаква забелешка.
Одредени возови на линијата четириесет од пекиншкото метро се претворени во своевидна библиотека, иако во нив сè уште ќе биде тешко да се прочита некоја книга во хартиено издание.
Всушност, оваа библиотека е своевидна реклама за апликацијата за слушање аудиокниги. Доколку патниците сакаат да слушаат аудиокниги што се дел од нејзината понуда, ќе треба со своите телефони да скенираат некои од кодовите сместени насекаде по вагоните. Еднаш скенирани овие кодови, овозможуваат „симнување“ на апликациите преку кои можат да се слушаат книгите. Оваа услуга е комплетно бесплатна.
Извор:
http://mashable.com/2017/10/31/train-library-beijing-china/#vWnbpWfPpaqH