Божиќниот драмски текст за деца „Новиот цар“ на Томислав Османли, е всушност божиќна мистерија која го носи поднасловот „Приказна за раѓањето на Царот на царевите“ и претставува инсценација на повеста за раѓањето на Исус раскажана низ 12 сцени, со почетна игра, пролог и епилог. Почетната игра ги претставува традиционалните коледарски песни што се пејат не само во Скопје, ами и низ Македонија.
„Новиот цар“ е првиот македонски драмски текст на религиозна тема со кој се е надополнува празнината на божикниот жанр и прикажување на божикната празнична атмосфера.
Промоцијата на „Новиот цар“ на Томислав Османли се одржа на 25 декември во книжарницата „Литература.мк“.

Билјана Црвенковска, уредник и промотор на „Новиот цар“ и авторот Османли во божикна атмосфера го промовираат изданието