„Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ на Јасмина Кантарџиева Димков и илустраторот Ивица Спасовски е приказна за Дикси, Тајсон, Иза, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи, десет неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне добро позната населба – Тафталиџе 1. Кучињата секојдневно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска“, „Букурешка“, „Париска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, а маалото е полно весели кучешки лаежи.
И сè би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки…
Оваа приказна имаше своја промоцијата во полната книжарница на „Литература.мк“ на 23 декември 2017 година.

Авторката Јасмина Кантарџиева – Димков, опкружена со деца, читателите на „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“