Промоција на два романи од Оливера Ќорвезироска

Промоција, дружење и потпишување на книгите „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ – реизданија на познатите романи за деца на авторката Оливера Ќорвезироска, со илустрации од Александра Филипоска. Книжарница „Литература.мк“ на ул. Македонија, на 27 декември 2017 година, со почеток од 19.00 часот. Промотор: Весна Мојсова-Чепишевска


Краток опис на книгите:

КИФЛИЧКАТА МИРНА

„Како се викаш?“
„Не знам. А ти?“
„Мирна.“
„Од каде знаеш?“
„Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“
„А зошто мене мајка ми не ми кажа?“
„Не знам.”
Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.

МОЈОТ БРАТ ОД ТРИНАЕСЕТТИОТ КАТ

Ако едната страна од гајтанот божемски ја вклучам во мојот кревет (всушност ќе ја пикнам под јоги-душекот!), а втората ја вклучам во креветот на Мирна (ќе ја ставам под нејзината перница), двата кревета ќе бидат поврзани и најверојатно и таа и јас следната ноќ ќе сонуваме ист сон.

Advertisements