Промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“

Во сабота, на 23 декември 201 година, во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија, ќе се одржи промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ и дружење со авторката Јасмина Кантарџиева Димков и илустраторот Ивица Спасовски. Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, уредник и писател за деца.

Краток опис на книгата:
Дикси, Тајсон, Иза, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне добро позната населба – Тафталиџе 1.
Ја знаете, нели?

Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно…
Кучињата секојдневно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска“, „Букурешка“, „Париска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, а маалото е полно весели кучешки лаежи.

И сè би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки…

Advertisements