Дружење со Томислав Османли, авторот на книгата „Новиот цар“

Во понеделник, на 25 декември 2017 година, во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија ќе има дружење со авторот Томислав Османли и потпишување на неговата книга „Новиот цар“!


Краток опис на книгата:

„Новиот Цар“

Приказна за раѓањето
на Царот на царевите

Кога се раѓаат големите цареви,
На небото се појавува сјајна Ѕвезда…

„Новиот цар“ е божикна мистерија за деца. „Новиот цар“ радосно и разиграно ја раскажува приказната за раѓањето на Исус. Oва е првиот македонски драмски текст на тема од Библијата.

Advertisements