Промовирана „Мали огласи“ на Дејан Алексиќ

Во преполната книжарницата „Литература.мк“ на ул. Македонија се одржа промоцијата на книгата „Мали огласи и уште по нешто“ од авторот Дејан Алексиќ.

Во џагорлива атмосфера, промоторката Оливера Ќорвезировска посочи дека со своите „Мали огласи“, Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста.

Мали огласи, жалби и тужби, вести и необична мода – се дел од оваа забавна книга на приказни во стих, во која ќе сретнете мустаќи што преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице што се јавува на огласот; радијатор што им се жали на луѓето што ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе…

Вештиот препев на стиховите е на Владимир Мартиновски, илустрациите се на Александра Филиповска, а уредник на изданието е Билјана Црвенковска, а во издание на „Либи“ дел од „Арс Ламина“.

„Мали огласи“ – книга со приказни во стих во Србија ја доби наградата „Доситиеево перо” во категоријата изданија за млади

Авторот во друштво на промоторката Оливера Ќорвезировска и илустраторката Александра Филиповска

Ова е авторскиот тим на макеоднското издание на „Мали огласи“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.