Во вторник, на 12.12.2017 година, со почеток од 19.00 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. Македонија ќе се одржи промоција на книгата за деца „Мистериозното јајце“ и дружење со авторот и илустратор Оливер Коларевски.
Оливер Коларевски е млад и неверојатно талентиран илустратор. Оваа книга за деца е целосно негово дело, вклучувајќи ја и приказната (текстот). Коларевски беше еден од победниците на конкурсот за илустратор на бајки за деца што го организираше здружението за поддршка на креативноста Ило Лауренчиќ – „Браво Сине“, во соработка со Арс Ламина. Арс Ламина потоа ја издаде македонската современа бајка за деца од Коларевски, со наслов „Мистериозното јајце’, а ја преведе и издаде и на англиски јазик.
Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во Арс Ламина публикации.
Мистериозното јајце
Автор на текст и илустрации: Оливер Коларевски
Промотор: Билјана Црвенковска
Литература.мк, ул. Македонија 21, Скопје
12.12.2017 (вторник), 19:00
Останати настани и промоции во „Литература.мк“ во месец декември: